ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.09.2022
Американска компанија во Македонија со отворен ден за вработување на млади

Американската компанија Slice одамна е присутна во Македонија, постојано вработува и го шири своето делување, а моментално имаат потреба од нови вработувања.

На 07ми септември со почеток во 15:00 до 19:00 часот во канцелариите на Slice во Скопје (наспроти Љуц, до Лимак Хотел) е организиран отворен ден за кариера во Slice.

Запознајте го тимот, почувствувајте ја атмосферата и уживајте во одлична пица забава. Дознајте како би изгледал вашиот работен ден, кој е тимот позади успехот на Slice и уште повеќе информации за бенефитите. Ако сте подготвени да се придружите на нашиот тим за продажба, ќе имаме брзи интервјуа и можност што не може да се пропушти – да бидете вработени на лице место, се вели во повикот до младите луѓе од компанијата.

Slice е глобална технолошка компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во Њујорк, Белфаст, Дебар, Охрид и Скопје. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Америка да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето. Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 17.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.

Компанијата моментално во Македонија бара млади вработени кои би биле дел од нивниот тим.

На 15 април земете го вашето CV и одете пред ректоратот на УГД во Штип
Универзитетот „Гоце Делчев“ одбележа 18 години постоење