ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.04.2023
Американска компанија во Македонија инвентивно до нови работници
Автор: Goce Author

Слајс Македонија е американско македонска компанија која им помага на локалните пица ресторани во САД да бидат конкурентни на пазарот. Често одржуваат различни форми на средби со младите за да дојдат до најдобриот и најсоодветниот кадар за себе. Неодамна одржаа уште еден Отворен ден, наменет на младите кои сакаат да градат кариера и да работат на својот развој токму во оваа компанија.

Ова се дел од младите кои беа примени на Отворениот Ден на Слајс Македонија

Ги отвараме вратите за сите млади професионалци кои би сакале да имаат иднина и да градат професионална кариера, и тие тоа можат да го остварат во Слајс. Посебно сме отворени за сите новодипломирани студенти, посебно студенти кои веќе завршиле со студирање на универзитетите во Македонија, и можат да бираат дали сакаат да ја градат својата кариера и иднина во Слајс во Дебар, Охрид или Скопје“ – вели Аднан Шефкиу, менаџер за продажба во Слајс Македонија.

Интернационална компанија во Македонија со различен пристап кон своите вработени

Компанијата Слајс е навистина брзорастечка средина, што се потврдува со растот од претходните неколку години, а се очекува голем раст и во следните две години. Со тоа, потребата од млади професионалци исто така ќе расте. На прашањето што како менаџер за продажба би им рекол на младите кога треба да им ја препорача компанијата, Аднан одговара:

„Слајс не е само работа. Слајс е место каде што добивате можност да градите кариерра – посебно младите професионалци кои се на почетокот на својот професионален живот. Имаат можност да ни се придружат во тимот за продажба, како и во другите оддели, каде има специфични можности за развој и напредување, и каде што се знае каде се движите, во кој правец ви се движи кариерата. Просечната возраст на луѓето во Слајс е околу 25 години, што значи дека ние сме компанија на млади и амбициозни индивидуи кои сакаат брзо да напредуваат“.

Слајс Македонија е компанија која има намера да се шири во нови средини

Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 17.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.

Во компанијата активно се размислува и за евентуално ширење во нови средини и градови во Македонија:

Тоа е дискусија која во моментот ја имаме и водиме, и правиме анализи на пазарот кога станува збор за ширење во други градови. Некои од нив веќе беа предмет на дискусија и размислување, тоа се Тетово, кое е одлична локација помеѓу Гостивар и останатите населени места близу Тетово, потоа добра можност потенцијално се и Штип и Битола. Во секој случај, тоа засега се само размислувања и дискусии, но секако размислуваме за наше ширење и во овие градови

На последниот Отворен ден во Скопје, на десетина млади им се отвори можноста да ја градат својата кариера во Слајс Македонија:

Денеска ние имавме интервјуа со петнаесеттина млади лица, кандидати, десетмина од нив се прифатени, ја поминаа оваа фаза, и на нив ќе им биде дадена официјална понуда и ќе ги добијат потребните обуки. Секако, тоа е многу добар исход од денешниот отворен ден“ – вели Аднан Шефкиу.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска