Добро познатата серија “Sex and the City” која имаше премиера во 1998г., а финале во 2004г. повторно ќе ги заземе малите екрани. Популарноста и гледаноста на серијата ги поттикна актерите и продуцентите да снимаат и продолжеток после 17 години . Насловен “And just like that”, втората етапа од серијата ќе се емитува уште денес и првите две епизоди ќе може да ги погледнете на HBO Max.
Со мали промени во составот на актерите, познатите Sarah Jessica Parker Kristin Davis and Cynthia Nixon повторно ќе се вратат во улогите на Carrie, Charlotte и Miranda и ќе го претстават животот на ликовите во нивните педесетти години.
Прочитајте и: Македонскиот филм “Северен Пол” во конкуренција за номинација за “Оскар”
Додека „Sex and the city “ беше револуционерен за неговиот искрен пристап кон женската сексуалност во доцните 90-ти, „And just like that“ може да биде исто толку радикално за тоа како ги прикажува средовечните жени.Тоа е искуство што ретко се прикажува на екранот . Истражувањата покажале дека жените постари од 50 години заземаат само 8 проценти од времето на екранот, а кога го прават, тие тешко се прикажуваат како ликови со повеќе аспекти со сексуален живот.
Прочитајте и: Најубавите филмови кои мора да ги изгледате за новогодишните празници
Од познатото друштво на пријателки, Kim Cattrall нема да ја повтори нејзината иконична улога како Samantha Jones. Ова секако остави многу прашања кај фановите за тоа што ќе се случи со ликот на многумина омилената персона и како ќе биде отпишана од серијата. После многу љубопитни прашања, на крајот SJP потврди дека ќе има приказна поврзана со COVID. Отсуството на Samantha ќе биде пополнето со многу други ликови, припадници на друга раса и на LGBTQ+заедницата. Имено за верзијата од деведесеттите имаше контроверзии дека фокусот е ставен на белата раса и малцинските и LGBTQ+ заедниците се сведени на стереотипи, па затоа во поновата верзија фокус ќе се стави на промовирање на реалната слика на овие карактери.
Освен трите главни ликови, во продолжението повторно ќе го видиме и Chris Noth како емотивно нај недостапниот маж на Менхетен, или познат меѓу публиката како Mr Big. David Eigenberg ја повторува својата улога на Steve Brady, што е добра вест за Миранда, додека сопругот на Шарлот, Harry Goldenblatt, кој го игра Evan Handler исто така е дел од продолжетокот.
Прочитајте и: Контроверзната „Squid Game“ станува опасна!
Во септември, фановите беа шокирани кога дознаа за смртта на Willie Garson, кој го играше најдобриот пријател на Кери, Stanford Blatch. За време на снимањето тој бил болен, но неговиот дух и посветеност биле присутни цело време. Ќе имаме прилика да го видиме повторно на малите екрани како омилениот најдобар и најсмешен пријател на Кери, непосредно пред неговата смрт.
Неколку моменти од серијата може да погледнете во видеото подолу, а за првите две епизоди може да ги очекуваме коментарите во текот на денот.