
Многу често гледаме дека младите освен што студираат, се занимаваат и со некакво хоби кое им носи приход. Поразговаравме со Андријана Шпирова, студент на Факултетот за туризам и бизнис логистика, Гевгелија – „Гоце Делчев“. Таа вели дека насоката која ја студира ја одбрала бидејќи сака своето хоби понатаму да прерасне во бизнис.
Андријана Шпирова
„Идејата за изработка на накит и приврзоци од смола ја добив пред една година. Сакав да научам како се изработуваат, а денеска сум студент на прв циклус на студии на Факултетот за туризам и бизнис логистка во Гевгелија. Започнав со изработка на приврзоци, а се надевам дека во иднина сметам дека би се развила како дел од бизнис светот и креациите со епсоксидна смола да добијат една нова форма.“, вели Андријана.
„Обврските за факултетот се секогаш на прво место, а нарачките ги работам вечерта. Во зависност од тоа колку нарачки имам и што се треба да се подготви, правам план за своето време. Во зависност од нарачките, се менува и времето за изработка, па затоа секогаш имам направено план за денот кој престои.“
„Трендот со изработките од смола почнува да се развива, без разлика дали е тоа накит, украси или мебел за дома. Од смола започнав да изработувам приврзоци за клучеви, потоа почнав да правам бележници за книга, подметачи за чаши, накит, аксесоари за коса, а во последните неколку недели се занимавам со правење на лампиони за празниците кои што доаѓаат.“
Емилија Андонова: Жените може да се носат со секој бизнис многу подобро од мажите
Своето претприменишто го развива и на социјалните мрежи каде што следбениците може да ги видат нејзините изработки.
„Засега маркетингот е застапен само online преку социјалните мрежи. Најчесто нарачките ги добивам на мојот Инстаграм профил каде што секогаш ги објавувам изработките. Луѓето се задоволни, а јас се надевам дека во иднина ќе успеам да создавам мебел од епсоксидна смола.“
Погледнете дел од изработките на Андријана: