ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.06.2022
Англиски јазик прв избор на Државната матура
Автор: Goce Author

Англиски јазик доминира во изборниот дел од Државна матура, кој матурантите го полагаат денеска.

Матурантите денеска го полагаат вториот дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15.899  кандидати, 14.320 се пријавиле за англиски јазик.

Математика ќе полагаат 1.231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Првиот испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни.

Матурантите денеска полагаат државна матура

Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15.899 матуранти пријавени за државната матура,  7.135 се од гимназии,  8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта.

Феноменот на неказнивоста го плаќаме со уште една трагедија
ЗНМ и УНДП ги доделија наградите за стории за загадувањето на воздухот