
Мојот Став: Колку чини еден студентски сон?
Купувањето на семинарска и дипломска работа е јавна тајна и голем проблем во образовниот систем во Македонија. Иако тоа не е дозволено и не е етички на интернет можат да се најдат многу страни кои нудат вакви „услуги“.

Преку анкета гоце.мк сака да провери колкав е процентот на млади кои до сега купиле семинарски или дипломски работи. Гарантираме дека одговорите се целосно анонимни, затоа ги охрабруваме студентите да го споделат искрено своето мислење за да добиеме правилна слика. Ние ве слушаме!