На инстаграм профилот Гоце.мк, направи анкета со прашањето што последно купи кондом или тест за бременост и еве го резултатот. Повеќето се мажи кои водат грижа за сексуалната заштита и заштитата од непланирана бременост. 58% од тие што одговориле на нашата анкета се мажи кои купиле кондом, додека 44% се жени. Што се однесува до купувањето на тест за бременост тука се жените во предност – 56%.
Сексуалниот однос сеуште може да биде незаштитен, можеби поради недоволна едукација, можеби поради табуизирање. Ако не сакате лекари и чекање во ординации, водете грижа за својата интимност. Во секој случај одберете однос со заштита.
Значи во секој случај!
Кондомот не штити само од сексуално преносливи инфекции вклучувајќи и ХИВ/СИДА, туку и од несакана бременост. Па така добивате три во едно! Можете да го купите во аптека и супер маркет, понекогаш и од трафика, овде внимавајте да не е изложен на сонце, бидејќи така ги губи заштитните својства.
Секогаш проверете го рокот на траење, ах да и никогаш не го носете во џеб или паричник, може да пукне. Набавете си специјална кутија само за него користете го правилно. Не е толку важен брендот колку правилната употреба. Нормално после употреба треба да се фрли во канта за отпадоци, планетава е презаситена од нашите лоши навики.
Млади потиснете го срамот и почнете да купувате редовно заштита, особено девојки бидејќи носењето кондом во чанта не те прави лесна девојка, туку девојка која знае како да се чува себе си! Патем има и женски кондоми.
Што се однесува до купувањето на тестовите за бременост 56 % не е лоша статистика. Фармацевтите велат дека повозрасните жени полесно бараат тест во аптека отколку помладите. Со подобра едукација и со подобро информирање се надеваме дека овие статистики ќе бидат во пораст.