
На последната анкета поставена на сајтот на гоце.мк на поставеното прашање „За колкава плата би останале да живеете во Македонија“ голем дел одговорија дека планираат да се иселат независно од платата, а најголем дел од нив или 30,5% одговорија дека нема да останат за плата која е под 1000 евра.

Резултатите од анкетата се следните
30.5% – Не би останал/а во Македонија за плата под 1000 евра
25.2% – Планирам да се иселам независно од платата
21.9 % – Би останал/а за 50.000 до 60.000 денари плата
7.9% – Би останал/а за 40.000 – 50.000 денари плата
7.3% – Би останал/а за 30.000 – 40.000 денари плата
6% – не би се иселил од Македонија
1.3% – 20.000 до 30.000 денари плата
Анкетата ја одговориле 150 млади луѓе, а најголем дел од нив се млади до 35 години. Иако анкетата не е правена на репрезентативен примерок сепак резултатите се слични речиси во сите анкети кои се прават низ државата. Голем дел од младите посакуваат да се иселат, а платата не е единствениот фактор.
Гоце.мк ќе продолжи со мерење на мислењата на јавноста и нашата публика. Секоја недела ќе поставуваме по едно прашање на кое ќе имате можност да го дадете вашето мислење.