ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.02.2023
Апликацијата Zoom и неколку трикови кои не се познати
Автор: Goce Author

Апликацијата Zoom се’ почесто се користи за одржување на различни состаноци, вебинари, часови нели? Со оглед на популарноста на Zoom, оваа апликација ќе биде првата главна алатка за интервју после дипломирањето.

Photo by:/indeks.hr

Затоа прочитајте неколку трикови при користењето, но за почеток – неколку интересни факти за популарноста на оваа апликација. 

  • Ако и вие мислите дека апликацијата го достигна својот успех во пандемијата, тогаш не сте во право. Во 2019 година, компанијата Zoom доби бројни награди за најдобар софтвер за видео состаноци.  Aпликацијата со 10 милиони редовни корисници веќе беше на пат да го надмине Skype.
  • Дали сте користеле Zoom за други цели освен за учење и работа? Според официјалната статистика, дури 63% од корисниците ја користат апликацијата за видео повици со семејството и пријателите.
  • Апликацијата Zoom стана популарна во високото образование поради попустите за образовните институции.  Компанијата брзо сфати дека образовниот сектор е нивниот потенцијално најголем пазар, па брзо ги приспособи своите цени и понуди на потребите на високото образование.
  • Идејата за Zoom произлезе од потребата да се патува што помалку. Имено, креаторот на идејата и основач на компанијата, Ерик Јуан, за време на студирањето морал да патува со воз над 10 часа за да се види со својата тогашна девојка. Подоцна го наведе тоа искуство како клучно во развојот на леснотијата на пристап по која е позната апликацијата Зум.

Image by Freepik

Најважните трикови за професионална употреба на апликацијата Zoom

Сите знаеме дека повиците од Зум може да бидат многу заморни и полни со технички тешкотии, па овие трикови можеби ќе ви го олеснат разговор на Зум.

Како да го исклучите микрофонот со едно копче?

Дали сте меѓу оние кои сè уште паничат со глувчето или подлогата за допир и на екранот ја бараат опцијата „Mute/unmute“? Нема потреба, апликацијата Zoom реагира и на вашата тастатура, па само притиснете го празно место и микрофонот се исклучува. Истото важи и кога ќе дојдете на ред да се приклучите на повикот. 

Како автоматски да се придружите на повик со исклучени микрофон и камера?

Дали знаевте дека апликацијата Zoom му дозволува на организаторот да ги постави сите учесници да се придружуваат на повикот со автоматско вклучена камера и микрофон? Веројатно ова е причината што барем еднаш сте се виделе шокирани на екранот без да очекувате – водителот на повикот ја одбрал токму таа опција! Ако не мораат, повеќето корисници ќе бидат среќни да избегнат да се приклучат на повик со автоматско вклучено видео.

Апликацијата Zoom ви овозможува да го избегнете ова многу лесно. За автоматско „исклучување“ на аудио преносот, во апликацијата треба да отидете во Settings > Audio и да ја изберете опцијата Mute microphone кога се приклучувате на состанок. За видео, одете во Settings > Video повторно и изберете Turn off my video when joining a meeting.

Доколку сте меѓу оние кои организираат состаноци во апликацијата Zoom и сакате повикот од почеток да биде фокусиран и професионален, не е лоша идејата да го совладате овој трик нели?

Апликацијата Zoom го има и т.н “beauty filter”!

Photo by:/indeks.hr

Факт е дека на сите понекогаш ни е потребна помошта од технологијата кога станува збор за визуелна презентација. Социјалните мрежи одамна го интегрираа ова во нивните камери, но слична опција нуди и апликацијата Zoom. За да го испробате филтерот, кликнете на стрелката на иконата Video Settings > My Video  и одберете Touch up my appearance. Апликацијата Zoom не нуди дополнителни опции за овој филтер, така што нема да можете да ја прилагодите неговата јачина.


Маркетинг трикови кои ве тераат да купувате повеќе


Како да поставите оригинална позадина?

Покрај предложените фотографии во позадина, апликацијата Zoom ви нуди и опција да поставите која било друга фотографија за позадина. Изберете Settings > Background & Effects, ова ќе ја вклучи камерата и под рамката на видеото има избор на позадини. Кликнете на копчето „+“ и ќе ви се овозможува да изберете која било фотографија од вашиот уред за позадина. 

 

Брак со вештачка интелигенција?!
(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година