ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.03.2024
Apple доби казна вредна 2 милијарди долари
Автор: Goce Author

Европската комисија го казни Apple со 1,8 милијарди евра за нефер конкурентни практики во врска со нивните стриминг услуги за музика, Apple Music, по жалба на Spotify.

Корисниците на уредите на Apple во Европската унија ,,не беа во можност слободно да изберат каде, како и по кои цени да купуваат претплати за стриминг на музика”, изјави Маргарет Вестагер на прес-конференција.

Казната се однесува на практиката на Apple да им наплаќа на компаниите такса од 30 отсто за секоја продажба направена преку апликациите на iOS уредите.

Компаниите кои сакаа да ја избегнат таксата и за возврат да понудат пониски цени мораа да се справат со продажбата надвор од апликацијата. Исто така, им беше забрането да ја користат својата апликација на iOS за да ги информираат корисниците за цените или пак да обезбедат линк до страницата за пријавување, соопшти комисијата.

 

На пример, Spotify мора своите претплати да ги продава преку својата веб-страница, а не преку нивната апликација за Apple iOS уредите.

Казната од 1,8 милијарди евра следи по долготрајната истрага предизвикана од жалба од шведскиот сервис за стриминг Spotify пред пет години.

SPOTIFY повлече песни создадени од вештачка интелигенција

Маргрет Вестагер изјави дека Apple ја злоупотребува својата доминантна позиција на музичкиот пазар повеќе од една деценија и таа му нареди на музичкиот гигант да ги отстрани сите ограничувања.

Технолошкиот гигант одговори дека ќе се жали на одлуката и дека нема докази дека некој потрошувач бил оштетен. Г-ѓа Вестагер исто така соопшти дека тие ги ограничиле „програмерите да ги информираат потрошувачите за алтернативни, поевтини музички услуги надвор од екосистемот на Apple, што е нелегално според антимонополските правила на ЕУ“.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Кирил Стојанов и Климент Трајков

60% од светската популација користи некаков вид на вештачка интелигенција
Грант од 1000 евра ако отворите е-продавница