ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.03.2022
Ашковски: Ќе дадеме се’ повторно да ја израдуваме Македонија
Автор: Goce Author

Фудбалската репрезентација на Македонија, денеска ги започнува подготовките за финалниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар, против Португалија. Стефан Ашковски најавува ново изнеднадување.

Репрезентацијата на Македонија, во Палермо, со голот на Александар Трајковски, го совлада актуелниот европски шампион и во вторник, веќе, ја очекува дуел со Португалија, селекција предводена од Кристијано Роналдо.

Ашковски кој одигра триесетина минути во Палермо, смета дека главниот адут на Португалците е индивидуалниот квалитет, но во фудбалот победува тимот.

Емоциите стивнуваат полека, следува Португалија и ќе дадеме сѐ од себе за да ја израдуваме цела Македонија, нормално самите себе, но и да покажеме колку можеме. Убеден сум дека можеме многу. Не сакам да зборувам за квалитетот, сите знаат која е Португалија која според мене има сличен квалитет како Италија. Така да се надевам дека ќе одиграме уште подобро од тоа што одигравме со Италија. Португалија има добри индивидуалци, но во фудбалот поважен е тимот. И Италија има одлични индивидуалци, но видовме дека како тим не беа така сплотени – изјави Ашковски.

Желбата да се игра на Светско првенство е желба на сите играчи. „Ова можеби е еден од најтешките и највозбудливите натпревари за сите играчи кои сме тука. Имаме 90 минути за да си го исполниме сонот од детство, сонот на сите, на цела нација, на цела држава. Треба да знаеме дека ова е шанса која не смееме да ја испуштиме, мора да изгинеме максимално за да стигнеме до Катар“, вели Елмас. Тој истакнува дека фудбалерите ќе го дадат максимумот против Португалија за да го остварат сонот од детството и сонот на сите во Македонија, настап на Светско првенство.

Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра во вторник со почеток од 20:45 часот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?