ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.11.2023
(Аудио) Бојан Велевски: Штип е мојот втор дом

Комичарот Бојан Велевски, синоќа го одржа деветтиот настап од неговата турнеја низ Македонија. Синоќа беше во Штип.

Очигледно дека штипјани го сакаат Велевски, бидејќи сите карти беа распродадени, а, салата беше наполнета до последното столче.

Темата на настапот беше животот кој го прикажуваме на социјалните мрежи, лажната потреба за совршенство и како сето тоа влијае врз вистинскиот живот на луѓето.

Често велиме дека во цела шега има половина вистина, само што во настапот на Велевски, целата шега беше вистина.

Посетителите беа видно задоволни од настапот на комичарот, така што, на негова добра волја, заработија плус половина час смеа, односно Бојан единствено во Штип го продолжи својот настап за уште половина час. Според него, Штип е неговиот втор дом.

Велевски изјави оти верува во тоа дека  хуморот може да го смени светот, и беше горд на тоа дека штипјани повторно се покажале како прекрасни домаќини.

Целото интервју слушнете го во продолжение:

Насилството меѓу момчињата сѐ поголемо, младите со сериозни предизвици со менталното здравје
Младите гласаат: Интерактивна симулација на Европските парламентарни избори 2024 во Штип