ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.03.2025
(Аудио) Осми март – Нежност, сила и неизговорени приказни

Јас сум Даница, ова е мојот став:

Во рацете на мајка ти, баба ти, сестра ти, пријателката, колешката, професорката… лежи светот што го познаваш. Осми март не е само датум – тој е сите нивни приказни, изречени и неизречени, сите нивни победи и тивки жртви што никој не ги забележал.


Слушај ја целата колумна и со заклучен телефон:


Во очите на секоја жена има нежност, но и тежина. Тежина на утрата кога станува прва, за сите да бидат згрижени. На ноќите кога заспива последна, со мислите на сите, но ретко кој со мисла за неа. На тишините кога премолчува, не затоа што нема што да каже, туку затоа што веќе премногу кажала.

Осми март не е само ден за цвеќе и честитки. Тој е ден да ја видиме, да ја слушнеме, да ја разбереме. Да ја славиме не само за тоа што е нечија мајка, сопруга, ќерка, туку за тоа што е – Човек. Со соништа, амбиции, љубови и замор што не се гледа.

Но, почитта кон жената не треба да биде резервирана само за овој ден. Вистинското вреднување не е во еден подарок годишно, туку во секојдневното признавање на нејзиниот труд, во рамноправноста, во можностите што треба да ѝ припаѓаат без борба.Жената не треба да се чувствува важна само на 8 Март – таа треба да биде ценета, слушната и поддржана секој ден.

Затоа, утре, покрај цветот, подари збор што ќе ја стопли. Покрај честитката, подари време. Наместо клише, подари признание – за секој нејзин ден кога тивко, но сигурно, го држи светот на рамена.

(Аудио) “Мамо…картата е купена”
Статусен симбол: Вистинска вредност или само слика за другите?