ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.11.2023
(Аудио) Советувалиште за одвикнување од цигари во ЦЈЗ може да ви помогне во процесот

Пушењето е „стар непријател“ на младите луѓе, а Македонија за жал, предничи во бројот на зависници во земјите од Европа. Зависностите се модерните болести на 21 век, двигатели на една ера кои овозможуваат младата популација се’ почесто да биде дел од нешто штетно.

проф. д-р Валентина Симоновска (фото: Сител)

Под терминот “зависност” подразбираме состојба на тој што е зависен.
Денес, постојат повеќе видови зависности, како што се: зависност од цигари, наркотици, алкохол, дијазепам, па дури и онаа “најмодерната” зависност од социјални мрежи.

Според изстражувањето на СЗО, спроведено во мај оваа година, Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион. Скоро половина од возрасната популација редовно пуши цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година.

Загрижувачки е податокот што околу 30% од младата популација во земјава се пушачи, меѓу нив има и деца од 14-15 години кои што се активни пушачи.

Поради тоа што во Македонија, цигарите се водечка зависност помеѓу населението, со прим.д-р Валентина Симоновска, специјалист по социјална медицина и раководител на одделението за социјална медицина во Центарот за јавно здравје-Скопје, разговаравме за тоа дали младите имаат зависност од цигари и дали бараат стручна помош.

Таа истакна дека пушењето е една од најлесните зависности која што е застапена меѓу младите лица, најмногу поради желбата за докажување во околината.

Целиот разговор, слушнете го во продолжение.

 

Пушењето кај младите во Македонија – сериозна закана за здравјето и иднината
Формирано Студентско Здружение за Молекуларна Медицина во Штип – имаат отворен повик за нови членови