
Австралија е една од водечките земји во светот во однос на стапката на вакцинација по првичното одложување на програмата за имунизација против Ковид-19. Речиси 88% од возрасната популација на возраст над 16 години примиле две дози.
Засега Австралија е првата земја која одобри привремена вакцина Фајзер против Ковид – 19 за деца од 5 до 10 годишна возраст.
Прочитајте и: Дали ќе се пронајде лек против Ковид-19?
Министерот за здравство во Австралија, Грег Хант изјавил ,,регулаторната администрација направи внимателна и темелна проценка и утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е во интерес на австралиските деца на возраст од 5 до 11 години да се вакцинираат“. Имунизацијата кај децата ќе започне од 10 – ти Јануари.
Високата стапка на вакцинација помогна да се спречи ширењето на вирусот и да се поттикне брзото економско закрепнување. Се уште не е познато дали и колку вакцините се ефективни против сојот Омикрон.