ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.02.2023
Бакнеж на далечина-чекор напред за врски на далечина
Автор: Goce Author

Бакнеж на далечина, кој е верна симулација на вистинскиот, нуди најнов кинески технолошки изум, кој прдизвикува контроверзни реакции.

Врските на далечина може да станат полесни и поотпорни на самата далечина, благодарение на технологијата. Контроверзни реакции засега предизвикува мобилна апликација и уред кој треба да овозможи симулација на бакнеж од вашиот партнер. Решението кое се нуди е кинески уред со топли, подвижни силиконски усни.

Уредот, кој се рекламира како начин да им се овозможи на паровите во врски на далечина да споделуваат „вистинска“ физичка интимност, предизвикува бура кај кинеските корисници на социјалните мрежи кои се и шокирани и заинтригирани.

Според производителите, уредот е опремен со сензори за притисок и актуатори. Со тоа е во состојба да имитира вистински бакнеж со повторување на притисокот, движењето и температурата на усните на корисникот.

Според кинескиот државен медиум Глобал Тајмс, пронајдокот бил патентиран од Институтот за мехатроничка технологија во Чангжу.

За време на студирањето бев во врска на далечина со мојата девојка, па контактиравме само преку телефон. Оттаму доаѓа инспирацијата за овој уред“, изјави главниот пронаоѓач Џијанг Жонгли за Global Times.

Џианг аплицирал за патент во 2019 година, но одлуката била донесена дури во јануари 2023. Пронаоѓачот се надева дека сега некој друг може да го прошири и усоврши дизајнот.

Покрај движењето на усните за време на бакнувањето, може да се пренесе и звукот што го испушта корисникот.

Бакнеж на далечина замена за вистинскиот – дали е тоа можно?

Сепак, додека многу корисници на социјалните мрежи ја видоа смешната страна на уредот, други го критикуваа како „вулгарен“ и „морничав“. Некои велат дека се загрижени дека малолетниците би можеле да го купат и користат.

„Не го разбирам (уредот), но тотално сум шокиран“, изјави еден корисник на популарната кинеска социјална мрежа Weibo.

На социјалната платформа слична на Твитер, неколку хаштагови за уредот собраа стотици милиони прегледи во текот на изминатата недела.

За да испратат бакнеж, корисниците треба да ја преземат мобилната апликација и потоа да го поврзат својот мобилен телефон со уредот. По спарувањето со нивните партнери во апликацијата, паровите можат да започнат видео повик и да праќаат бакнежи еден на друг.

Вештачка интелигенција ги освојува и интернет пребарувачите

Сличен изум, „Кисинџер“ регистриран во Малезија во 2016 година беше во форма на силиконски подлога чувствителна на допир, за разлика од реалните силиконски усни на тимот Кинси.

Иако се рекламира за врски на далечина, кинескиот уред, исто така, им овозможува на корисниците да бакнуваат непознати со кои сакаат да пробаат бакнежи откако ќе остварат контакт преку онлајн апликации за запознавање.

Корисниците исто така можат да ги „зачуваат своите бакнежи“ во апликацијата за другите да ги преземаат и искусат.

На најголемиот кинески сајт за онлајн шопинг Taobao, десетици корисници ги споделија своите критики за уредот, чија цена е 288 јуани (околу 40 долари).

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?