ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.07.2022
Балерина од Украина застана во одбрана на својата земја
Автор: Goce Author

Балерината од Украина, Olesia Vorotnyk, застана во одбрана на својата родна земја на почетокот на војната меѓу Русија и Украина. Девојка зеде АК-47 и зазеде позиција на еден од контролните пунктови во Киев спремна да ја брани земјата.

Photo by:economist.com

Olesia Vorotnyk има 30 години. Таа е професионална балерина од 2009 година, а претходно се занимавала со ритмичка гимнастика речиси 10 години. По смртта за нејзиниот сопруг во војната во Украина, Olesia изјавила: 

  • Ова е мое хоби. Знаев дека ако има целосна инвазија, нема да одам во странство. Би се борела“.

Русија/Украина: Креирањето лажни вести стана дел од воениот арсенал

Крајот на февруари, таа го напуштила балетот и театарот и зазела позиција на контролен пункт со автоматска пушка АК-47. Како што се сеќава балерината, во тие денови во Киев владеело хаос – руските војници се приближувале кон главниот град, луѓето во ужас ги чекале тенкови. Vorotnyk започнала со евакуација на цивили. Таа ги водела жените и децата по селските патишта. 

Девојката изјавила дека има некои сличности меѓу балетот и воениот рок.

  • Балетот буди цврстина и толеранција за болка, бидејќи морате многу да стоите на прсти, дури и кога нозете ви крварат и ви болат неподносливо.“ 

Нејзините следбеници некогаш ги гледаа балетските настапи, а сега гледаат сосема поинакви објави.

 

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе