
Секаде низ Балканот се опуштаат речиси сите рестриктивни мерки поставени за Ковид пандемијата, а и во Македонија се шпекулира со најавите за целосно опуштање нa мерките за носење на заштитна маска и вo здравствените установи и аптеки и во јавниот превоз.
Се очекува од Кризниот штаб на следниот состанок да расправа за донесување на нови рестриктивни мерки околу носењето на заштитни маски во јавен простор.
Сите земји во соседството ги намалија или целосно ги укинаа рестриктивните мерки кои беа поставени за време на пандемијата. Дури за минување низ границите не бараат посебни услови како во пандемијата.