ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.08.2022
Барав решение за мојата кожа, сега имам своја козметика и помагам на другите

Од барање решение за проблемите со својата кожа, младата гевгеличанка Ефимија Тошева стигна до создавање на сопствена козметика, со која сега им помага и на другите кои имаат слични проблеми.

„Летото во 2017-та година на одмор во Грција налетав на една старовремска продавничка со дрвени vintage прозорци вметната помеѓу калдрма. Излогот беше нареден со разнобојни слатки и колачи. Креативноста отсекогаш ме привлекувала, посебно пастелните шарени бои. Мирисот внатре беше неодолив. Бев пријатно изненадена и вчудоневидена за изгледот. Продавачот ни објаснуваше како се создадени и што се’ содржат во нив. Тоа беа рачно изработени сапуни во секакви бои и форми. Јас си купив  сапун во форма на лубеница. До денес го имам во мојата лабораторија што секогаш ме враќа на тој ден и од каде започнав.“, така ја започнува својата приказна Ефимија Тошева.

Ефимија Тошева

Ефимија или уште позната во Гевгелија како Ефи, се соочувала со проблеми на кожата на лицето уште од средношколските денови. По многубројните третмани кај дерматолозите за барем малку да се намалат акните, таа почнува да ја истражува органската козметика.

  • „Се почесто се соочував со нечисто лице, акни, дамки и флеки од акни. По влошената состојба барав решенија кај дерматолози коишто со апарати и рутина на повеќе продукти за ден и ноќ ми помогнаа да ги минимизирам акните, но не и целосно да ги спречам.“

Студентски денови…

  • „За време на студентските денови, во слободно време бев опседната со истражување на производи за лице и кожа, за нивните состојки и изработка на истите. Започнав се’ повеќе да читам и да пробам да  сфатам што ми треба за сама да пронајдам решение.  Најпрво од се сфатив дека најмногу влијание има начинот на живот. Консумирањето на комерцијализирани сокови,чоколади и млечни производи ги заменив со поголемо количество на вода и овошје. Следен чекор беше истражувањето кои состојки во производите може да предизвикаат акни и оштетување на кожата.“ 

Сапуни

Ефи има завршено Стоматолошки факултет на отсекот Забен техничар во Скопје. По завршувањето решава да се доквалификува на Хемиски факултет во Белград за доучување на теоретскиот и практичниот дел за рачна изработка на органски производи за кожа.

Во студентските денови се случило и летувањето во Грција, што всушност е „виновник“ за „ESOAPERY“, нејзиниот бренд денес.

  • По завршување на училиштето во Белград, почнав со изработка на сапуни по традиционална ладна метода, лабела и путери за тело што ја прифатив едноставно како хоби во моето слободно време и да помогнам на дел блиски луѓе кои имаа проблеми со кожа. Најблиските секако, ми беа моја најголема поддршка во тој дел и целата моја замисла. Работата на две места беше изморувачка. Во периодот од две години извршував повеќе тестирања и испитувања за квалитетот на прозиводите. Одлуката да отворам профил на Instagram и Facebook беше со цел да се подигне свеста за природните рачно изработени производи. Сакам луѓето да знаат како овие производи и помагаат на кожата и ја заштитуваат додека во исто време може и да ме побараат за било какви прашања поврзани со производите.

Кои се предизвиците на младите кои почнале сопствен бизнис?

А целото учење и надоградба кај оваа млада личност не застанало овде. Желбата да се изработува козметика којашто ќе биде достапна за секого по цени кои се прифатливи за пазарот се повеќе се зголемувала. Така настана и продавницата ESOAPERY каде што сите оние кои имаат двоумења или нејасни работи околу природно изработените производи, може да се обратат кај Ефи и да ги пробаат тестерите од нејзините производи.

  • „Производите се вегански и биолошки тестирани. Нудиме рециклирачки  амбалажи за да ја заштитиме планетата земја од што помалку отпад и вршиме дополнување на производот во истата амбалажа за којшто нудиме 10% попуст. Во најголем процент гледаме секој производ што содржи вода да го користиме најдобриот- органски стабилизатор.“, завршува Ефи.

Помогнете си себе си, за да помогнете и на другите. Направете го светот подобро место за живеење. , е мотото на оваа млада дама.

 

 

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Млади волонтери организираат хуманитарни концерти, работат со социјално загрозени и лица со интелектуална попреченост, а придонесуваат и за почиста околина во Штип