ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.01.2023
Батерија за телефон што се полни за осум минути и трае 68 години
Автор: Goce Author

Полски научници од компанијата The Batteries, кои бараат алтернатива на традиционалните литиум-јонски батерии кои доминираа на пазарот во последните 25 години, создадоа нов батерија за телефон која се полни од 0 до 100 проценти за само осум минути. Она што е уште поинтересно е што според нив, батеријата ќе трае 68 години, пренесе полскиот онлајн медиум The First News.

Водени од потребата да се создаде нешто помала батерија што се полни многу побрзо, но исто така да е способна да складира големи количини на енергија, The Batteries сега развија и патентираа нова иновациска батерија.

Со ова откритие фирмата со седиште во Жешув, град на југоистокот во Полска се обидува да го трансформира глобалниот пазар со нивната нова батерија.

Во индустрските кругови оваа нова технологија веќе е наречена „game changer“, а  компанијата се надева дека ќе започне со големо производство откако ќе заврши работата на нивната првична фабрика.

Батеријата која веќе е прогласена за револуционерно откритие, за разлика од традиционалните литиум-јонски или литиум-полимер батерии, изработена е од неколку различни дополнителни супстанции.

Новата полска технологија ја елиминира потребата од дополнителни хемиски соединенија, и поради тоа енергетската густина на батеријата е двојно зголемена на 1.200 Wh/l.

Користејќи ги технолошките термини, бидејќи електролитите се цврсти, батериите што се развиени имаат далеку поголем животен век. Очигледно, бидејќи тие се помалку реактивни од течноста или гелот, тие исто така гарантираат дека нема да експлодираат, изгорат или да страдаат од производствени дефекти.

Покрај тоа, тие имаат многу поголем број на циклуси на полнење. Лаички кажано, ако уредот се полни еднаш дневно со помош на оваа пионерска батерија, неговиот животен век би достигнал околу 68 години – а можеби и малку повеќе.

Преземено од META.MK

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање