ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.08.2023
„Бејби бум„ генерацијата се повеќе се разведува
Автор: Goce Author

„Бејби бум“ генерацијата, луѓе родени од 1946 до 1964 година, се повеќе остануваат сами во постарите години, одлучувајќи се на развод и после 50-тата.

Photo by Eric Ward on Unsplash

Повеќе од 16 милиони луѓе на возраст над 65 години во САД живеат сами. Се очекува бројот да се зголеми уште повеќе како што старее бејби бум генерацијата.

Генерацијата „бејби бумер“ го опфаќа периодот на населението што е родено во периодот од 1946 до 1964 година. Оваа генерација ги открила телевизијата и радиото во своето детство, а и денес е најголем консумент на нив. Исто така, луѓето од оваа генерација сакаат да читаат весници, како навика од изминатите денови кога немаше електронски медиуми, компјутери и интернет.

Каде започнува и каде завршува една генерација е определено од општествените, културните, економските и политичките настани што дадена генерација ги доживеала во различни животи. Од детството, адолесценцијата до зрелоста.

Како стареат бејби бумерите, расте бројот на луѓе кои живеат сами

Бројот на постари Американци кои живеат сами е во пораст. До 2022 ќе има речиси 16 милиони, тројно од бројот на оние кои живееле сами на таа возраст во 1960-тите. И како стареат бејби бумерите, се очекува тој број да расте уште повеќе, што поставува  прашања за иднината на земјата.

Американците се подоцна стапуваат во брак

Отсекогаш мислев дека ќе се омажам“. Воспитана сум да бидам жена и никогаш не замислував дека ќе бидам сама“, изјавила Едит Хејк, која има 72 години. Таа прави уметност во Масачусетс и е една од 38-те милиони возрасни Американци кои живеат сами. Инаку, во САД, според резултатите од последниот попис, бројот на луѓе кои живеат сами достигна рекорд.

Има многу причини за ваквата статистика, а една од нив е еманципацијата на жената и односот кон бракот. Но, она што ги изненади експертите е тоа што се поголем број луѓе, и машки и женски, почнаа да се разведуваат на 50-годишна возраст, таканаречениот „сив развод“.

„Бевме задоволни од нашето истражување кое се обиде да го опише овој феномен, нешто што порано беше ретко, но денес „сивиот развод“ е сосема нормална работа. Повеќе од една третина од луѓето кои се разведуваат во денешно време се постари од 50 години. Затоа и посветивме многу внимание на оваа популација“, изјави Сузан Л. Браун, ко-директор на Националниот центар за истражување на семејството на државниот универзитет Боулинг Грин.

Зошто паровите од бејби бум генерацијата се одлучуваат за „сив развод“

Од 1990 до 2010 година, стапката на разводи кај луѓето постари од 50 години во САД се удвои. Експертите ја нарекоа „сивата револуција на разводот“.

Во таа категорија беше и разводот на Мелинда и Бил Гејтс, бидејќи се разведуваат по 27 години брак.

И канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека се разведува од сопругата на 51 година.

Фото: YouTube

„Иако стапките на разводи за целокупната популација се намалуваат, луѓето над 50-тите и над 65-тите години го намалуваат трендот. Возрасните постари од 65 години повремено ја водат статистиката на паровите кои се разведуваат. Тоа значи дека се повеќе луѓе ќе стареат, немажени и сами“, изјави Сузан Л. Браун.

Сузан Мајрес, адвокатка за развод од Хјустон со децениско искуство во бизнисот, истакнува дека е нелогично некои луѓе да го прекинат бракот во подоцнежните години, особено затоа што брзаат кон безбедна старост каде што може да дојде до болест или смрт.

Бејби бум генерацијата растела во тотално поинаков свет од денешниот

„Некои од постарите луѓе кои иницираат разводи чувствуваат дека едноставно премногу се оддалечиле од своите сопружници, додека некои претрпеле злоупотреба или откриле шокантни престапи“. Сите тие – вклучително и некои клиенти во нивните 80-ти – се чувствуваат како сите години од нивниот живот да се премногу драгоцени за да ги поминат со погрешна личност“, истакна адвокатот.

„Сивиот развод“ не е единствената причина зошто постарите Американци живеат сами

Некои луѓе кои поминуваат низ „сив развод“ се премажуваат, а некои се преселуваат кај нов партнер или членови на семејството. Во првите неколку години по „сивиот развод“, половина од луѓето остануваат сами да живеат“, рече Браун.

Image by Freepik

Тој посочува дека има многу постари луѓе кои живеат сами, а никогаш не биле во брак или ги изгубиле сопружниците. Но, тие не се сами.

“Многу студии покажуваат дека луѓето кои се сингл имаат поголема веројатност да останат во контакт со своите пријатели, роднини и соседи отколку луѓето кои се во брак. Ова е токму спротивното од стереотипот”, вели Сузан Л. Браун.

Растот на луѓе кои живеат сами ќе предизвика проблеми во обезбедувањето социјални услуги

Уделот на човечката популација, над 65 години, која живее сама е околу 28 проценти. Но, со оглед на големата популација на генерацијата на бејби бумер, која вклучува луѓе на возраст од 59 до 77 години, вкупниот број на постари луѓе кои живеат сами расте и се очекува да расте уште повеќе.

Ги знаете ли Генерациите З и Алфа?

Експертите велат дека тоа би можело да има значителни последици во заедниците низ целата земја – особено во обезбедувањето подобри социјални услуги, бидејќи некој треба да се грижи за овие луѓе.

Маркус Шафер, вонреден професор по социологија на Универзитетот Бејлор кој го проучува стареењето и здравјето, го нарекува тоа „двостран феномен“.

„На многу луѓе навистина им е привлечно да имаат сопствена автономија, бидејќи нема секојдневни расправии за неважни работи, но од друга страна, истражувањата откриваат дека иако многу луѓе живеат добро сами, многумина се многу осамени“, вели професорот Шафер.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?