
Во истражување за смислата за хумор учествуваа околу 700 бебиња, а истражувањето е објавено во списанието Behavior Research Methods. Тим од истражувачи на Универзитетот во Бристол откри како бебињата уживаат во хумор кој е базиран на различни активности како што се скокоткање, криење, правење гримаси и зборување со чуден глас.
Исто така тимот откри дека бебињата кои не наполниле една година сакаат да ги гледаат реакциите на другите луѓе, како на пример кога некој ќе се исплаши или слично, пишува Independent.
На двегодишните деца им е смешно сè, а тригодишните деца сакаат игри со зборови.
Социјализацијата е клучна во развојот на смисла за хумор, а помага и во подобрување на други когнитивни вештини. Смислата за хумор е сепак сложен процес кој се развива во првите четири години од животот.
Важно е да комуницирате со детето за да развие смисла за хумор бидејќи е клучен за помош на младите кога станува збор за менталното здравје.
Не е тешко бебињата да се направат среќни и задоволни. А тоа позитивно влијае врз понатамошниот развој.