
Thomson Media и Фондацијата Отворено општество за Западен Балкан отвораат повик за учество на дводневна работилница за развој на влијателни медиумски приказни и дигитални решенија поврзани со одржливост и одговорност. Настанот ќе се одржи на 7 и 8 јуни 2025 година во Суботица, Србија.
Работилницата е дел од проектот „Позеленување на наративите: Унапредување на свеста за зелената транзиција во Западен Балкан“, и има за цел да ги обедини младите и новинарите во средина на својата кариера, студенти по новинарство и креатори на содржини од регионот кои се заинтересирани за темите поврзани со обновлива енергија, енергетска ефикасност и циркуларна економија.
Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со етаблирани новинари, експерти за зелена транзиција и развој на бизнис модели од Западен Балкан и Централна Европа. Работилницата ќе биде насочена кон два главни сегменти: развој на медиумски содржини и дигитални решенија/иновативни бизнис модели.
Според информациите од организаторите, програмата ќе вклучува практични обуки новинарство базирано на решенија, креативно пишување, валидација на идеи, како и менторство од искусни професионалци. Најперспективните идеи ќе добијат дополнителна поддршка преку програмата „Validation Booster“ на Thomson Foundation, со можност за натамошно учество во фелоушип програми.
Право на пријавување имаат:
Рокот за пријавување е 11 мај 2025 година, до 23:59 часот. Пријавата треба да содржи кратка биографија, мотивациско писмо и наведен интерес (развој на содржина или дигитални решенија). Пријавите се испраќаат на адресата: IlchoC@thomsonfoundation.org
Организаторите ги покриваат трошоците за патување и сместување на избраните учесници.
Повеќе информации на следниот линк:
👉 https://journalift.org/join-the-innovation-hub-fully-funded-opportunity-for-western-balkans-journalists-and-content-creators