ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.02.2024
Без важечки пасош враќање во Македонија со патен лист

Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стар пасош, ќе можат да се вратат во државава со патен лист, кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва. Ова го информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

За три дена на полноќ, односно на 12 февруари, истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6 и од нашите закони по однос на валидноста на исправите и документите што имаат меѓународна употреба.

Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во две смени и сабота и недела, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

-Тоа што забележувам е дека има одредена паника кај граѓаните во дијаспората дека после 12 февруари без нов пасош ќе ги изгубат работните места, ќе можат да ги загубат дозволите за престој. Поради тоа во трите наши дипломатско-конзуларно претставништва во Берлин, Бон и во Минхен, во Швајцарија, Италија има наплив од граѓани. Сакам да пратам порака дека нема простор за паника затоа што МНР се организираше да им излезе во пресрет каде и да се. За тие што ќе се затекнат со пасоши кои по сила на закон ќе бидат инвалидирани, ќе може да се вратат со патни листови, појасни Османи.

Ова се „најмоќните“ пасоши за 2023 година – македонскиот 36 место од 100 рангирани

Старите пасоши не важат по 12 февруари

Додаде дека во Германија и Италија однесени се и две нови мобилни станици за издавање патни исправи, а најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6000 патни листови, а потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана.

-Во градовите каде што немаме ДКП-а, а имаме голем број на луѓе од нашата дијаспора, планираме календар на конзуларни денови од 12 февруари каде што ќе можат директно да дојдат и да аплицираат за пасоши, рече Османи, потенцирајќи дека во државите каде што немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

За граѓаните коишто ќе се најдат на бродови по 12 февруари, кажа Османи, ќе можат да го користат овој начин на барање патни листови онлајн и ќе бидат во комуникација со нашите ДКП-а и ќе се договорат каде ќе можат најлесно да го добијат патниот лист.

СКОМ 2024 – конгрес на студентите по општа медицина
Приватните специјализанти потсетуваат на своите барања