ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.12.2025
„Безбеден град“ стартува во февруари – системот се одложува еден месец
Автор: Goce Author

Системот за автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе почне да функционира од февруари 2026 година, потврди Министерството за внатрешни работи за „360 степени“. Ова значи дека стартот е поместен за еден месец во однос на првичните најави дека ќе биде активен уште во јануари.

Министерот Панче Тошковски веќе предупреди дека е можно одложување, особено по почетокот на тест-периодот кога беше утврдено дека одредени функционалности треба дополнително да се унапредат.

Според МВР, „Безбеден град“ во првата фаза ќе биде активиран во Скопје, Тетово и Куманово, како и на делници од автопатите на коридорите 8 и 10.

Системот ќе се потпира на мрежа од фиксни камери кои ќе регистрираат прекршоци како пречекорување на брзина, минување на црвено светло и возење нерегистрирани возила. Дополнително, низ градовите ќе патролираат и специјализирани полициски возила опремени со технологии за снимање, кои ќе бележат непрописно паркирање и други нарушувања на сообраќајните правила.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?