Безбедноста на младите во ноќниот живот е загрозена на повеќе начини, покажа Истражување кое го реализира ХОПС – Опции за здрав живот.
Во 2023 година ХОПС Опции за здрав живот Скопје учествуваше во регионалниот проект “Млади за млади, заедно да работат” кој е финансиран преку Еразмус + програмите, реализиран во партнерство со организациите “Ре Генерација” од Белград и “Удруга Тера” од Ријека.
Една од активностите на проектот беше да се спроведе истражување со цел да се проценат:
Истражувањето е направено онлајн, кај млади на возраст од 18 до 35 години.
85 % одговориле дека се грижат за сопственото здравје и безбедност во текот на ноќните излегувања. Најчести начини за тоа како се грижат се: пијат повеќе вода, нарачуваат пијачки во шише или лименки кои сами можат да ги отворат, внимаваат да излегуваат со познати луѓе, во доцните часови не се враќаат пешки туку со такси, употребуваат психоактивни супстанци во умерени количини.
Од оние 15 % кои рекле дека не се грижат за сопственото здравје и безбедност при ноќните излегувања. Најголем дел причината за тоа ја лоцираат во тоа што употребуваат психоактивни супстанци кои ги прави да бидат нерационални, негрижливи , релаксирани и помалку внимателни.
Безбедноста на ноќниот живот во Македонија испитаниците го оценуваат како средно безбеден со оценка 3 на скалата од 1 до 5 . Но и покрај тоа дури 66.4 % од испитаниците имале непријатно искуство при ноќните излегувања. Од испитаниците кои имале непријатно искуство, 69,6 % имале непријатно искуство со други посетители на настанот, 50,6 % имале непријатно искуство со полиција а 41.7 % со обезбедувањето на настанот. Негативно искуство поврзано со употреба на психоактивни супстанци имале 19 % од испитаниците. Само 30 % побарале помош или поддршка кога имале непријатно искуство во текот на ноќните излегувања и при тоа во зависност од проблемот најмногу побарале помош од пријателите на кои им веруваат, од обезбедувањето или од граѓанските организации .
Од 119 испитаници 59 или речиси 50 % рекле дека при ноќните излегувања употребуваат психоактивни супстанци. Од нив 75 % тоа го направиле во последниот месец а само 2 од нив или 3,4 % пред повеќе од 12 месеци.
Најупотребувана супстанца е алкохолот, (44,5 % од вкупниот број на испитаници) односно 89,8% или 53 испитаници од оние кои употребиле супстанци во последниот месец употребиле алкохол при ноќните излегувања. Канабис употребиле 35,3 % од вкупниот број на испитаници, 71 % или 42 испитаници од оние кои употребиле супстанци во последниот месец. Кокаин употребиле 24,3 % од вкупниот број на испитаници, односно 29 испитаници или 49,15 %, од оние кои употребиле супстанци во последниот месец .
МДМА( екстази) употребиле 21 % од вкупниот број на испитаници, односно 42,37% или 25 испитаници од оние кои употребиле супстанци во последниот месец. Амфетамини користеле 16,8 % од вкупниот број на испитаници, односно 20 испитаници или 33,9% од оние кои употребиле супстанци во последниот месец и магични печурки употребиле 6,7% од вкупниот број на испитаници односно 13, 5% или 8 испитаници кои употребиле супстанци во последниот месец. Останатите видови психоактивни супстанции користеле помалку од 10 % од испитаниците кои употребиле психоактивна супстанца во последниот месец .
Најчест начин на употреба на психоактивните супстанци е орално, 91,5 % , а следуваат назално со шмркање и пушење 88% . Употребата со инјектирање на супстанцата која пред десетини години беше многу актуелна во Македонија кај овие испитаници е многу ретка . Само 2 испитаници одговориле дека употребуваат супстанци со инјектирање.
Младите почесто посетуваат лекари и психолози, зголемена е употребата на психоактивни супстанци
Испитаниците сметаат дека имаат добро познавање за супстанциите кои ги употребуваат, па дури 96,4 % од вкупниот број на испитаници (119) одговориле дека се запознаени со ризиците од употребата на психоактивни супстанции. Сепак, и покрај тоа ризичното однесување поврзано со употребата на психоактивни супстанци е големо. Така, над 50 % од испитаниците кои употребуваат психоактивни супстанции при ноќните излегувања зеле нешто, а не знаеле што е . 45,7 % од испитаниците кои употребиле психоактивна супстанца одговориле дека го споделуваат приборот при употреба на психоактивните супстанци.
Уште позагрижувачки е дека дури 73% од оние кои употребуваат ги мешаат психоактивните супстанци. Во текот на ноќта употребуваат повеќе видови на психоактивни супстанции што дополнително влијае на безбедноста, ризикот од предозирање или нарушување на здравствената состојба.
49 лица или 83 % од оние кои употребуваат психоактивни супстанции одговориле дека имале сексуални односи под дејство на психоактивни супстанци. Загрижувачко е дека само 37, 8 % редовно користеле кондом при вагинален сексуален однос , односно 46,8% редовно користеле кондом при анален сексуален однос а само 9 % редовно користат кондом при орален сексуален однос.
Пушење, алкохол, опиоиди – вечни непријатели на долговечноста
Ако прифатиме дека навистина испитаниците имаат познавања за ризикот од употребата на психоактивни супстанци како што одговориле 96,4% од нив, очигледно е дека постои голема разлика помеѓу нивното познавање и однесувањето. Односно и покрај нивните познавања тие употребуваат психоактивните супстанции на прилично ризичен начин. Под нивно дејство се впуштаат во ризични односно незаштитени сексуални односи.
28, 5% од вкупниот број на испитаници биле сведоци на предозирање или труење со психиоактивни супстанци. Тоа укажува дека бројот на предозирања во Македонија не е вооппшто мал.
Дури 96 % сметаат дека имаат познавања за начините на пренос на ХИВ , Хепатитс и другите сексуално преносливи инфекции. 76 % знаат каде можат да се тестираат за истите овие инфекции. 43,7 % се тестирале за ХИВ, 28,5 % се тестирале за Хепатитис а 35 % за друга сексуално пренослива инфекција.