
Пазарот на криптовалутите и електронската трговија во Босна и Херцеговина не се уредени со закон, но властите во оваа земја планираат наскоро да го сторат тоа.
Министерката за финансии на БиХ, Зора Видовиќ, изјави дека на некоја од наредните седници на народното собрание ќе биде поднесен предлог закон кој ќе ја уредува областа на критповалутите и електронските имоти.
Од власта за тамошните медиуми потврдиле дека сериозно се размислува за оваа можност, но се гледаат искуствата од регионот.
Изминатиот период размислуваме многу како да ја уредиме оваа област. Гледаме искуства на други држави за закон за криптовалутите. Се работи за многу осетлив закон кој, ако се усвои на погрешен начин, може да направи големи проблеми, истакнува министерката Видовиќ.
Воедно треба да се направат и измени на законите за трговија во земјата. Со овој закон ќе се променат валутите кои ќе бидат во оптек во оваа држава, а со тоа ќе се плаќа данок, како и на сите други валути.