66-годишниот милијардер на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и дека примил и бустер доза од вакцината. Гејтс најави дека сепак ќе учествува на состанокот со луѓето од својата фондација, но преку интернет.
Во последниве месеци, ко-основачот на Мајкрософт и мултимилијардер, насочи голем дел од своите ресурси и енергија на справување со пандемијата. Минатата недела, објави книга со наслов „Како да се спречи следната пандемија“, во која објаснува како земјите би можеле да преземат заеднички напори за да се спречи евентуална нова пандемија и „елиминирање на сите респираторни заболувања“.
Тој јавно посочи дека треба да се достават вакцини бесплатно и насекаде. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс соопшти дека донирала милиони на организации, вклучително и на Гави и на Светската здравствена организација, за финансирање на тестирања, третмани и дистрибуција на вакцини.
Во јануари, Гејтс на Твитер порача дека коронавирусот, „штом омикрон ќе помине низ земјата, ќе може да се третира повеќе како сезонски грип“.