
За борбата меѓу Леи Вуд и Мајкл Конланд првите коментари се дека мечот е претендент за „Битката на годината“.
Ирецот беше победник со тежок нокдаун во првиот дел и тешки удари на противникот. Во 11тата рунда тој уште еднаш го следеше Вуд до нокдаун, но потоа силата му беше исцрпена и тоа го искористи претставникот на домаќинот.

Судијата Стив Греј побрза да даде знак дека се е готово и повика болничари.
„Се надевам дека Мајкл е добро. Не можам да славам додека не знам како е“, изјави Леи Вуд.
Конланд од болница потврди дека е во стабилна состојба.
„Во моментов треба да славиме едно од најголемите враќања во боксот, но се молам за здравјето на Мајкл Конланд“, прокоментира коментаторот на мечот Еди Херн.
Leigh Wood’s KO of Michael Conlan#boxing pic.twitter.com/AkhkZdspMW
— BoxingVibe (@boxingvibe) March 12, 2022