ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.03.2023
Бомбите принудија онлајн настава – учениците се жалат дека не можат да се вклучат
Автор: Goce Author

Ученици во основно и во средно образование, вчера не можеле да пристапат на електронскито систем „Тимс“ за да следат онлајн настава откако поради дојава за бомба морале да се вратат дома и да продолжат да учат на далечина. Родители со кои поразговаравме велат дека откако ги зеле нивните деца од училиште, тие се обиделе да се вклучат со нивните кориснички имиња на „Тимс“, но безуспешно.

Фото: Скриншот од кориснички профил на Мајкрософт Тимс на ученик во гимназијата „Орце Николов“

Од МОН тврдат дека Тимс апликацијата во моментов функционира и дека секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн настава доколку во училиштето каде учи имало заканувачки дојави и од страна на наставниците е дадена таква насока.

„Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на „Тимс“, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки“, велат во МОН за Мета.

Утринава, Министерството за внатрешни работи информираше дека на електронските адреси на 31 основно и средно училиште стасале дојави со закана за поставена експлозивна направа, по што наставата била прекината, а објектите евакуирани.

Многумина од учениците периодов треба да бидат тестирани за да може да добијат оценки, но тоа не може да се случи заради честите прекини на часовите во училиште.

На 23 февруари, одговорните во МОН испратија допис до основните и средните училишта во државата во кој наложија да се организира настава на далечина во деновите кога ќе има дојави за поставени бомби. Тоа го направија за да не се губи настава бидејќи дојавите се зачестени. Пред овој допис да биде испратен до сите училишта во земјата, Мета.мк објави дека гимназиите „Орце Николов“ и „Никола Карев“ веќе го применуваат овој начин на функционирање, со цел да има континуитет наставата и да не се губат часови.

Извор: Мета.мк

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска