ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.11.2023
Борис Гушевски избран за нов претседател на УСС УКЛО
Автор: Goce Author

Студентот Борис Гушевски е е новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УСС УКЛО) во Битола.

Борис Гушевски

Борис е студент во втора година на Технички факултет во Битола.

Тој бил избран на конститутивната седница на студентското собрание што вчера се одржа во Студентскиот информативен центар (СИЦ), при што се избрани и новите членови на раководството на ова тело.

Избрани се и членови на органите на УСС УКЛО и делегирани се претставници од студентите во органите и телата на Универзитетот – Ректорската управа, Универзитетскиот сенат и постојаните комисии на универзитетот. Студентите донеле и одлука за објавување на конкурс за избор на нов студентски правобранител на УКЛО.

Претходно, функцијата претседател на УСС УКЛО ја извршуваше Душан Стевановски.

Извор: Мета.мк

Резултати од конкурс за 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка
Колку чини студирањето и дали евтино образование значи повеќе образовани?