Во ова сиво време кое не’ следи последните години, секогаш е добредојдено некое интересно и смешно видео. Меѓу таквите се вбројуваат и оние на нашиот денешен наш гостин, Бојан Велевски, актер, комичар и човек кој што знае да ги насмее луѓето без разлика на тоа колку денот им тргнал лошо.
Ние го знаевме и како Ице од „Наше маало“, а сега го знаеме како човек кој што преку хумор ги претставува работите онакви какви што се. Во актерските води запливал на своите 11 години, а за себе вели дека е креативец заљубен во креативниот и оригинален маркетинг.
Бојан вели дека не се сеќава на своите први настапи, ама добро се сеќава на гласните аплаузи. „Тоа беше знак дека добро поминал настапот.“
Сите знаеме дека неговите видеа се полни со најразлични теми, па го прашавме од каде добива инспирација?
Интересно е да се знае дека во стенд ап настапите не постои моментот „го заборавив текстот.“ Бојан вели дека обожава да го „заборава текстот“ и да импровизира, па некогаш се изненадува и самиот себеси.
Најчудното нешто што ти се случило за време на настап…
Посебен момент во животот…
На приватните “факултети” за актерство нема такво нешто. Плати и ОП глумец си.“
Бојан ни откри дека нема омилени комичари, ама учел од Робин Вилијамс, Карлин, Еди Изард, Еди Марфи. Ќе ги сметаме тие за едни од омилените.
Непишано правило…
„Што е твое ќе си дојде, ама мора и ти малку да го побараш.“
Ако се разбудиш наутро и сфатиш дека си 400 години назад, како би им објаснил на луѓето дека доаѓаш од иднината?
„Ќе им го покажам само телефонот и од тука натаму ќе видиме како ќе се развие дебатата.“, се смее Бојан.
Технологијата сепак може да направи чуда, нели.
Прочитајте и: Фотографиите на Тоши Трајчов ќе ве натераат да се вљубите во Штип
Порака до младите…
„Не се откажувајте од Македонија. Сакајте ја. Нашата генерација потфрли, ви оставаме голем багаж. Не се откажувајте од своите цели и соништа. Но, секогаш враќајте се дома. Затоа што никаде не е како дома.“
Некои го знаат како Ице од „Наше маало“, некои го знаат како Бојан од социјалните мрежи. Како и да го познавате, секогаш е тука да го тргне лошото расположение и да не’ насмее.