
Brave new media forum и годинава ги собра медиумите за млади од регионот, како единствен собир од ваков вид, во организација на Deutche Welle Akademie.

Поддршката која Deutche Wele на медиумите за млади во последните години е константна, а редовно на годишните собир во Белград се споделуваат искуствата и предизвиците со кои тие се соочуваат.
На 8 ноември 2025 конференцискиот центар Envoy во Белград , Србија беше местото каде се обединија неколку медиуми и претставници од регионот на овогодинешниот Brave New Media Forum (BNMF). Форумот се одржува неколку години по ред и има за цел да ги спои новинарите, но и младите претставници и активисти од регионот. Како учесници од Македонија се издвоија Гоце.мк и ВидиВака.

Акцентот на овогодинешниот форум преку неколку панел дискусии беше ставен кон младинските медиуми и вклучувањето на младите и студентите во новинарството. Се дискутираше и за улогата на вештачката интелигенција во медиумите, како и за слободата на говор и безбедноста на новинарите.

Новинарите, но и младите претставници и студенти имаа можност да разменат искуства и идеи со другите претставници од регионот и да се работи на склучување соработки и унапредување на местото на медиумите во западен Балкан.