ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.04.2023
„Брегалница“ и Градски од птичја перспектива

„Брегалница“ на градскиот стадион во Штип ги одработува последните подготовки пред неделниот натпревар од Првата фудбалска лига против „Македонија Ѓорче Петров“.

За дваесетина дена, теренот на Градски од грдото шаренило кое го имаше, е саниран и е во многу подобра состојба, што може да се види ои од птичја перспектива, од видеото направено на петочниот тренинг. Се гледа дека недостасува само уште завршувањето на започнатата трибина, и во иднина комплетирање на целиот стадион, со што конечно Штип би добил стадион, затоа што во моментов едноставно такво нешто – нема!

Што се однесува до клубот, „Брегалница“ со доаѓањето на Горан Здравков на позицијата Шеф на сгтручниот штаб нема пораз на првенствените натпревари, и да не беа нерешените исходи пред своите гледачи со Скопје, Шкендија и Тиквеш, сега со сигурност ќе беше во игра за пласман во фудбалска Европа. Во секој случај, билансот е позитивен и е добра насока за иднината на клубот. До крајот на првенството има уште осум кола, а Брегалница има девет бода заостаток и натпревар помалку од третопласираното Скопје, и пет бода заостаток од четвртиот Силекс.

Неделниот натпревар „Брегалница“ – „Македонија Ѓ.П.“ започнува во 15 часот. Дотогаш, уживајте во видеото кое од птичја перспектива го прикажува теренот на Градски и петочниот тренинг на фудбалерите на „сините“ .

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
По полициската акција се огласија од УГД: Целосно соработуваме со ОЈО и МВР