ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.02.2022
Брз тест од аптека или ПЦР тест, кој е веродостоен и зошто?

Брз тест или ПЦР? За сите е збунувачки кој тест за потврдување на присутноста на Ковид – 19 кај луѓето е точен, а кој не.

Постојат брзи тестови кои може да ги најдеме во секоја аптека, со брис од носна шуплина или со спутум (плунка). Најчесто купувани се токму овие тестови.

Постои и ПЦР тест кој се изведува во здравствени установи, а е помалку користен откако се појавија на пазарот брзите Ковид тестови.

Според анкетата која беше спроведена на Инстаграм профилот на Гоце.мк https://www.instagram.com/goce.mk/  преовладуваа токму овие брзи тестови од аптеките.

Од друга страна во поголемите веледрогерии во Македонија потврдуваат дека продажбата на овие брзи тестови за потврдување на Ковид – 19 е зголемена за три пати од почетокот на нивното појавување на пазарот.

Во една студија од околу 30 испитаници покажа дека тестирањето со брзите Ковид тестови и ПЦР тестовите во здравствените установи покажуваат различни резултати. Од Управата за храна и лекови во Светската здравствена организација објавија дека иако брзите тестови ја детектираат ,,Омикрон’’ варијантата на Ковид – 19, тие може да имаат намалена ,,чувствителност’’ кон вирусот.

Сето ова звучи збунувачки, но овие тестови и понатаму остануваат да играат клучна улога во пандемијата.

Долгите одложувања за резултатите од ПЦР тестовите, недостигот од домашни брзи тестови и чекањето за дефинитивна наука за откривање и лекување на варијантата Омикрон – сето тоа го отежна да се открие кога и како да се тестирате. Како и да е, експертите за јавно здравје велат дека, како што се повеќе стануваат достапни, брзите тестови ќе бидат се повеќе витална алатка за дијагностицирање на Ковид – 19 и намалување на неговото ширење.

Јапонска компанија тврди дека Ивермектин е успешен против Ковид

Сигурно се прашувате која е поентата ако брзите тестови не се толку точни како ПЦР тестовите?

Брзите антигенски тестови, кои бараат специфичен протеин на вирусот Ковид-19, остануваат исклучително ефикасни за потврдување позитивни случаи, додека ПЦР се задолжителни за потврдување на вирусот.

Едноставно кажано, ако резултатот од брзиот тест излезе позитивен, речиси сигурно имате Ковид-19. Ако тестот е негативен, во некои случаи, сепак може да биде позитивен на ПЦР тест, кој е многу почувствителен бидејќи тестира генетски докази за вирусот.

Џошуа Михауд, заменик  директор за глобална здравствена политика во Фондацијата Кајзер, објасни дека ,,Секој случај со Ковид-19 што е ,,фатен’’ од некој кој направил брз антиген тест, но не и ПЦР тест е победа за јавното здравје’’.

Брзите тестови можеби нема да забележат позитивни случаи кај луѓе кои биле вакцинирани или кои неодамна оздравеле од Ковид-19, бидејќи тие може да произведат помалку вирус.

Брзите тестови не се совршени. Истражувањата покажуваат дека антигенските тестови се помалку прецизни од PCR тестовите, тоа е случај од почетокот на пандемијата. ПЦР тестовите се обработуваат во лабораторија, каде што софистицирана опрема може да ги идентификува дури и најмалите генетски докази за вирусот што предизвикува Ковид-19. Овие тестови се толку прецизни што пациентите всушност можат да бидат позитивни неколку недели откако ќе закрепнат и повеќе не се заразни.

Брзите тестови имаат тенденција да даваат повеќе лажно- негативни резултати отколку PCR тестовите.

Резултатите од брзите тестови, во меѓувреме, може да варираат врз основа на тоа колку вирус има во носот на пациентот во моментот на земањето на примерокот и колку далеку се наоѓаат, односно колку денови се поминати како носители на инфекцијата.

Научниците ја објаснуваат разликата помеѓу брзите тестови и ПЦР тестовите на два начина: специфичност, која ја одразува стапката на лажно-позитивноста на тестот и чувствителност, која ја одразува стапката на лажно – негативноста на тестот.

И PCR и брзите тестови имаат висока специфичност, што значи дека нивните позитивни резултати се многу доверливи. Но, додека PCR тестовите имаат тенденција да имаат речиси совршена чувствителност, брзите антигенски тестови имаат тенденција да имаат чувствителност околу 80 до 90 проценти. Ова значи дека брзите тестови имаат тенденција да даваат повеќе лажно- негативни резултати отколку PCR тестовите.

Сведоштво: Kако поради Ковид ја изгубив работата и не можев да им се посветам на моите две деца ?

„Дома тестовите се претежно ефикасни кога лицето има високи вирусни оптоварувања, време кога лицето е поверојатно да го пренесе вирусот“, рече Пабло Пеналоза-Макмастер, вирусен имунолог од медицинското училиште во Нортвестерн. ,,Домашните тестови сè уште можат да откријат инфекција со Омикрон, бидејќи тие се насочени кон дел од вирусот што не мутира толку многу“.

,,Ако планирате да одите некаде и не сакате да го ширите вирусот, треба да направите еден брз тест еден ден пред да патувате, а потоа втор тест веднаш пред да одите. Ако имате само еден брз тест, направете го веднаш пред да се видите со луѓе. Најдобро е да се тестирате веднаш пред да видите луѓе кои спаѓаат во ризична група на лица или пред да одите во здравствена установа’’ – вели Мара Аспинал, професорка која ја води дијагностичката заедница за тестирање на Државниот универзитет во Аризона и член на одборот на производителот на тестови ,,Orasure’’.

 

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање