ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.11.2023
Чет ботот на Елон Маск има смисла за хумор?
Автор: Goce Author

Илон Маск објави четбот, наречен Грок, кој користи вештачка интелигенција (ВИ) за своите одговори, слично како популарните четботови ChatGPT и Бард. Грок е достапен на платформата Х (поранешно Твитер), која Маск неодамна ја купи. Но, тој е достапен само за одредени кориснички профили, известува Би-би-си.

Маск вели дека Грок „многу сака сарказам“ и дека корисниците може да очекуваат Грок да вметнува „малку хумор“ во своите одговори.

„Навистина не знам кој би го насочил во овој правец“, саркастично објави Маск на Х во однос на хумористичниот тон на четботот.

Дополнително, Маск вели дека, за разлика од други модели кои одбиваат да одговорат на некои прашања поради легални и морални причини, Грок ќе одговара на секакви „несоодветни“ прашања. За да ја илустрира оваа функционалност, Маск сподели како тој го прашува четботот за упатства за произведување кокаин. Грок одговори со саркастичен тон, но сепак посочи релативно детални упатства.

Ова е онлајн играта Навигатор – преку неа младите ќе учат за човекови права
Топ 5 видео игри што ќе излезат во 2025 година