
На 28 септември, во Македонската филхармонија ќе се одржи Четвртата Глобална Женска Лидерска Конференција „ЈАС СУМ ЖЕНА“, во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“.
Конференцијата има цел да ги обедини жените од различни области, да поттикне лидерство и да отвори нови можности за личен и професионален развој.

Меѓу главните учесници на конференцијата ќе биде Кимберли Флечер, претседателка на „Мајките за Америка“, која со своето учество ќе даде дополнителна тежина и меѓународна димензија на настанот.
Конференцијата ќе биде отворена со изложба на рачни изработки од занаетчии, како и со ликовна изложба со портрети на панелистките. Темите што ќе бидат обработени се поделени во повеќе области: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, како и „Мајките за Македонија“ и „Мајките за Америка“.
Регистрацијата за учество трае до 24 септември 2025 година.
Линк за регистрација:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScCIN2jgszoZS-mC8SRclUma4OQFAQBGIjfpedsrl4WU_np9A/viewform