ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.08.2025
Чивнинг стипендии за магистерски студии во Обединетото Кралство
Автор: Goce Author

Апликациите за престижните стипендии Чивнинг за студирање во Обединетото Кралство се отворени од 5 август до 7 октомври 2025 година. Програмата нуди целосно финансирани магистерски студии на универзитети во Обединетото Кралство за поединци кои се подготвени да предводат позитивни промени во своите матични земји и во светот.

Повеќе од 40 години, Чивнинг привлекува стотици илјади апликации низ целиот свет. Успешните кандидати се поединци кои јасно можат да демонстрираат извонредни лидерски способности, како и способности за влијание и вмрежување преку убедливи примери кои се поткрепени со докази.

Метју Лосон, британски амбасадор во Северна Македонија, изјави дека високо конкурентниот процес на селекција на Чивнинг гарантира дека оние кои се избрани да станат стипендисти на Чивнинг се најпаметните и најмотивираните поединци од целиот свет.

„Алумните на Чивнинг го користат своето образование од светска класа, глобалните мрежи и самодовербата стекната во Обединетото Кралство за да создадат значајна, трајна промена по нивното враќање дома, без разлика дали тоа го прават преку справување со глобалните предизвици или преку остварување на реално влијание во сопствените заедници.

       Доколку јасно можете да покажете дека ги поседувате потребните вештините за да им се придружите – извонредни лидерски способности, како и способности за влијание и вмрежување – ве охрабрувам да аплицирате. Доколку сè уште не сте стигнале до тоа ниво, ве охрабрувам да одвоите време за да го изградите искуството што ќе ја направи вашата апликација конкурентна. Постојано сум инспириран од посветеноста и мотивацијата на заедницата на Чивнинг и со нетрпение очекувам да видам што ќе донесе следната генерација лидери.“

Потенцијалните кандидати можат да ги поднесат своите апликации преку chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите се за магистерски стдуии на универзитети во Обединетото Кралство

Пред да аплицираат, кандидатите се охрабруваат да ги разгледаат достапните ресурси на chevening.org/guidance и да проценат дали се подготвени да поднесат конкурентна апликација.

Од почетокот на програмата во 1983 година, над 60.000 професионалци ги унапредиле своите кариери преку Чивнинг, што е показател на посветеноста на Обединетото Кралство за развој на лидерите на утрешнината.

За детални информации во врска со критериумите за подобност и спецификите за стипендиите, посетете ја страницата chevening.org.

УГД нуди бројни стипендии и ослободувања од партиципација за идните студенти

Чивнинг е глобална програма за стипендии на Владата на Обединетото Кралство, финансирана од Министерството за надворешни работи, Комонвелтот и развојот (FCDO) и партнерските организации. Стипендиите даваат можност за посетување на едногодишни магистерски студии на универзитети во Обединетото Кралство за поединци со докажан потенцијал да станат идни лидери, лица кои ќе донесуваат одлуки и ќе го формираат јавното мислење.

Чивнинг програмата започна во 1983 година и се разви во престижна меѓународна програма за стипендирање. Чивнинг стипендистите доаѓаат од над 160 земји и територии ширум светот. Повеќе од 60.000 алумни на Чивнинг стипендијата ширум светот ја сочинуваат оваа влијателна и високо ценета глобална мрежа.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?