ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.04.2023
Целосното затемнување на сонцето на 20 април можете да го гледате онлајн
Автор: Goce Author

Според EarthSky.com, на 20 април 2023 година ќе има целосно затемнување на Сонцето. Месечината ќе го премине патот на Сонцето.  Овие небесни настани се неверојатни за гледање (се разбира со соодветна заштита за „голо“ око), бидејќи Месечината ќе го блокира Сонцето, претворајќи го небото темно, ќе се појави само прстен во црвена боја каде што ќе можете да го видите хоризонтот на Сонцето зад Месечината.

Поконкретно, мал дел од Австралија, плус Источен Тимор и Индонезија, ќе го видат целосното затемнување на Сонцето, додека остатокот од Австралија, и „голем дел од Југоисточна Азија ќе види делумно затемнување на Сонцето, каде што Месечината ќе покрие некои делови на сонцето.

За жал овој феномен нема да биде видлив од Македонија. За да го набљудувате овој редок случај на подредување на небесните тела TimeandTable.com ќе има пренос во живо од големото затемнување на Сонцето.  Преносот ќе оди во живо на 18 април 2023 година, во 03:30 часот наутро.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање