
Конференцијата на вселенската индустрија го отстрани името на прославениот советски космонаут Јуриј Гагарин, првиот човек кој патувал во вселената, од настан кој тие ќе го организираат. Наместо ,, Yuri’s Night’’ (ноќта на Јуриј) настанот кој се организира по тој повод ќе се вика: ,, A Celebration of Space: Discover What’s Next’’.
Фокусот на овој доботворен настан останува ист – да се слават човечките достигнувања во вселената и истовремено да се инспирира следната генерација да посегне по ѕвездите.

Photo by Dmitry Shulga on Unsplash
Тоа е прилично необично покажување на солидарност со украинскиот народ, особено ако се земе предвид дека Гагарин работеше за СССР, сосема поинаква земја од денешна Русија. Украина, всушност, многу го сака Гагарин и неговото светско достигнување, а и самата Украина беше дел од СССР, па на некој начин има споделен успех на тогашната држава.
“In light of current world events, the 2022 Space Foundation Yuri’s Night is renamed ‘A Celebration of Space: Discover What’s Next.’” 🤔 https://t.co/xBS7ynmA41
— Jeff Foust (@jeff_foust) March 15, 2022
Вселенската соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Русија доведе до извонредно меѓународно единство и научни истражувања со децении, дури и кога политиката, понекогаш, го доведуваше во прашање тој деликатен сојуз.
„Казнувањето“ на историски личности како резултат на актуелната политика на Владимир Путин може да се види и во другите сфери. Некои јавни личности веќе изјавија дека нема да читаат литература од Достоевски или Толстој, светски пистали кои немаат апсолутно никаква поврзаност со актуелната Русија.
Меѓутоа политиката секогаш има огромно влијание и на научните достигнувања. Како резултат на политичката ситуација во студената војна САД стигнаа на месечината.