ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.12.2025
ЦИВИЛ ја започнува кампањата „Одбрана на демократијата:Хоризонти на слободата“
Автор: Goce Author

ЦИВИЛ – Центар за слобода со прес-конференција официјално ја започна деветдневната програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“. Кампањата е посветена на јакнењето на демократската отпорност во услови на засилени хибридни операции, дезинформациски кампањи и глобална нестабилност.

Оваа година, ЦИВИЛ ја проширува рамката на програмата Демократски навигатор 2025 – Недела на човековите права со нови анализи, јавни настани, дебати и извештаи што ги обработуваат најактуелните предизвици за демократијата: хибридните влијанија, политичката манипулација, изборниот интегритет и заштитата на човековите права.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ја истакнува драматичната трансформација на политичко-општествениот контекст во кој денес се одвива борбата за демократија:

„Алармантно е тоа што до пред само 5-6 години говоревме за промоција и едукација, а денес говориме за одбрана на демократијата и човековите права. Крајно време е демократските општества и држави да преземат итни и решителни чекори за ставање крај на империјализмот, агресијата и авторитаризмот.

Време е сите искрено да се соочат со сопствената одговорност: како и зошто се дозволи да се продлабочат ерозијата на демократските вредности и кризата на институциите — во земјата, во регионот и на глобално ниво.

Преку глава ми е од корупцијата

Имаме одговори, можеме да понудиме решенија, но акцијата мора да биде заедничка и да ги надминува политичко-идеолошките разлики, со цел да ја одбраниме демократијата кај нас и во светот“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, во пресрет на почетокот на „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“.

Особено внимание ќе биде посветено на претстојниот Извештај за Локалните избори 2025 и на Стратешките препораки, кои треба да придонесат кон реформи, поголема транспарентност и зајакната институционална отпорност.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?