ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.04.2022
Црквата бара забрана на „Бенедета“ на Пол Верховен
Автор: Goce Author

Филмот на режисерот Пол Верховен, „Бенедета“, базиран на животот на калуѓерката Бенедета Карлини, требаше да почне да се прикажува овој петок.

Фото: Sissy Screens

Католичка активистичка група во Белфаст покрена петиција за забрана на прикажување на филмот „Бенедета“ на Велики петок.

„Овој филм е измама и ништо повеќе од очигледен напад на католичката вера“, изјави Демиен Марфи, претставник на ирската христијанска група за Белфаст Телеграф.

Иако проекцијата вообичаено ќе започне во Ирска и Велика Британија, Марфи истакна дека почетокот на прикажувањето е „пресметана навреда за сите христијани“ и дека е срамота што е дозволено на ваков важен ден.

Се разбира, филмот претходно наиде на критики од верниците кои се згрозени од сцените на калуѓерки кои се галат со Исус, статуата на Богородица користена како секс играчка и порнографскиот приказ на калуѓерки во лезбејски сцени.

Верховен ја коментираше критиката: „Не разбирам како нешто што се случило во 1625 година би го нарекле богохулство. Не можете да ја промените историјата или работите што се случиле, а јас го базирав филмот на она што се случи. Во овој случај, да се користи на  зборот бласфемија (богохулење) е глупаво“.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Претставата „Се случи еднаш во Женева“ со премиера во Народниот Театар Штип