ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.10.2021
Да се биде „мрзлив“ одвреме на време е добро за нашето психичко здравје?

Грижата за себе и земањето одмор од секојдневниот стрес е од особено значење за физичкото, а особено и за менталното здравје. Краткотрајните одмори од напорната недела имаат за цел да ни ги “наполнат батериите”, па така грижата за себе може да вклучува релаксирање и медитација, прошетки, гледање серии или едноставно “не правење ништо” и непродуктивни по цел ден. Тоа може да значи дека да се биде мрзлив понекогаш е добро за нас.  Но, што се случува доколку претераме со неа и полека нашите постапки преминуваат во деструктивни?

(Музиката може да помогне во психичкото здравје. Прочитај повеќе: https://wp.me/pdpSOc-IV )

Само затоа што нешто нѐ прави да се чувствуваме добро, не значи дека ни помага. Многу често, само-саботажата се маскира како грижа за себе. Особено кога се обидуваме да избегаме од лоша врска, неинспиративна работа, разочарување од неисполнети цели – сѐ што нѐ прави да не се чувствуваме добро, па решение гледаме во бегство од проблемот, наместо соочување. Понекогаш се свртуваме кон кратките задоволства или се повлекуваме во себе како начин да се смириме и да постигнеме привиден одмор.

(Претходно пишувавме на оваа тема https://wp.me/pdpSOc-Jk ).

Доколку ова го практикуваме често, може да се претвори во циклус каде проблемите ќе станат премногу за поднесување, па бегство наоѓаме преку прекумерно гледање филмови, спиење по цел ден, прекумерна храна, алкохол, наркотици во потешки случаи и слично.

 

Секогаш кога ќе се најдеме во ситуација каде  грижата за себе се претвора во избегнување на проблемите, време е да се направи пауза. Грижата за себе е многу повеќе од едноставно релаксирање. Во основа, се работи за наоѓање навики кои ќе одржуваат благосостојба на менталното здравје.

Друга ситуација во која може да се најдеме е одолговлекување на извршувањето на секојдневните обврски. Само во случаи кога одложувањето станува хронично и почнува да има сериозно влијание врз секојдневниот живот на една личност, станува посериозно прашање. Во такви случаи, не се работи само за лош менаџмент на времето, туку ова станува и  главен дел од начинот на живот. Ова може да се манифестира како не започнување со работа на големи проекти до ноќта пред крајниот рок,  одложување на  купувањето подароци до ден пред роденденот или пак воопшто неизвршување на домашните обврски. За жал, ова одложување може да има сериозно влијание врз менталното здравје на една личност и неговата социјалната, професионалната и финансиската благосостојба.

Извор: https://gen.medium.com/when-self-care-turns-into-self-sabotage-489cef9859e5

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите