ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.09.2024
Дали е подобро учење во читална или дома?

Кога станува збор за начинот на учење, мислењата на студентите се поделени. Дел од нив избираат да учат во своите соби и домови, но и голем дел преферираат да ги користат студентските читални како место кое им нуди поголема тишина и комфорт при учењето. Но, дали студентските домови и читалните  го задоволуваат капацитетот да им овозможат место на сите студенти во градот?

Библиотекарката Сузана Стојанова од НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“-Штип вели дека во текот на академската година студентските читални постојано се користат, а особено од странските студенти. Студентите избираат да учат во студентските читални бидејќи им се нуди поголема концентрација.

Сузана Стојанова

Предност е што во Библиотеката веќе има одредени стручни литератури кои им се достапни во секое време на студентите. Голем број од нив одбираат да учат во студентските читални токму и поради користењето на разновидната литература при спремањето на испити.

Читалните бносат бенефит при учењето

Услов за посетување на студентските читални во Библиотеката е поднесување на годишна членарина од 250 денари.

„Често ги користам студентските читални во Библиотеката и погодно е тоа што на дофат ја имам и стручната литература. Учењето во читални е од полза за студентите кои делат станови со цимери или пак се во студентски домови, па за нив учењето дома не е опција. Ми се допаѓа и тоа што има посебни простории каде можес да учиш сам и на глас да ја повторуваш материјата без да пречиш на некого.Поради ваквата ефикасност на читалните , сметам дека треба да постојат повеќе вакви опции во Штип.“, вели студентот Томислав Боровичанин.

Томислав Боровичанин

Студентите се согласни дека постоењето на читалните има поголем бенефит за нив и затоа треба повеќе вакви места да им бидат достапни. Тие бараат и постоење на посебни студентски читални на самите Кампуси, каде ќе може да учат.

„Бенефитите од поминување на повеќе време во читална значат и поголема фокусираност на учењето, бидејќи сте опкружени со луѓе кои учат и сите дистракции се сведени на минимум.Отварањето на нови читални би значело поголем простор за студентите бидејќи знаеме дека за да има ефект учењето потребен е простор и средина погодна за учење.Нашата читална не ги задоволува потребите бидејќи нашиот факултет брои голем број на студенти.Би било одлично доколку читалните за време на испитните сесии и колоквиуми бидат отворени со подолго работно време бидејќи така би привлекле повеќе студенти во читалните, знаејќи дека голем број од студентите ги спремаат испитите во групи.“, вели студентка.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите