ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.03.2026
Дали медицината и бизнисот може да се комбинираат?

Јована Конеска од Битола е апсолвентка на Факултетот за медицински науки, но воедно таа е и дипломиран бизнис-менаџер, а моментално се усовршува и на своите магистерски студии од оваа област. На половина од своите студии по медицина, Јована одлучува да се надополни во својата едукација и ги запишува студиите по бизнис и менаџмент. Внатрешниот конфликт со кој се соочуваат студентите во текот на студиите е дали го одбрале вистинкиот пат и дали оваа професија е за нив.

Јована Конеска

Токму со ова се соочила и Јована во текот на нејзините студии, па тоа било и главната причина паралелно да ги запише и вторите студии. Го одбрала бизнис менаџментот како поле во кое сака да се надополнува бидејќи сметала дека ќе и послужи понатаму на личен и професионален план.

„Најголемиот предизвик беше да научам да ги менаџирам двете студиски програми, да го менаџирам сопственото време и самата себеси. Интересното е што откако го запишав вториот факултет, просекот и бројот на положени предмети на медицина сигнификантно ми се зголеми. На почетокот многу голем предизвик ми беше тоа што испитните сесии се поклопуваа, па морав добро да се организирам и да балансирам помеѓу двете студиски програми.“, вели Јована.

Познавањата од бизнис и менаџмент може само да го подобрат здраствениот систем, доколку се имплементираат правилно

Според неа, медицината и менаџментот одат „рака под рака“. Таа смета дека голем дел од медицината бара вештини за успешно менаџирање, не само на раководните позиции во приватните ординации или клиничките болници, туку и во секојдневната пракса на секој лекар кој се среќава со пациенти.

Студирање и работење – секојдневие за студентите

Логичните вештини, критичното размислување и анализа, како и вештините за решавање на проблеми кои ги стекнала за време на студиите по менаџмент, Јована со сигурност верува дека ќе може да ги имплементира и во ситуации на тријажа или итни случаи каде е потребно брзо, но критичко размислување.

„Лекарите треба да имаат бизнис знаење и менаџерски способности. Со бизнис увидот ќе можат подобро да ги распределат ресурсите, да направат анализа и да согледаат каде треба да се подобрат, да дадат приоритет на активностите кои се итни  и со тоа ќе се подобри услугата која ја нудат на пациентите.“, вели Јована.

Иако на почетокот не и било во план, сега сѐ повеќе се ориентира кон спојување на овие две знаења и започнување на свој бизнис и своја приватна ординација. Според искуството на Јована и разговорите со колегите, сѐ повеќе од студентите на медицина размислуваат кон започнување на сопствен бизнис.

„Сѐ повеќе губиме надеж за работа во државна болница или клиника. Денес, нема нуту добри ниту пак фер услови за државно вработување. Сѐ повеќе студенти размислуваат за приватна ординација или пак вработување во приватна здравствена организација.“, вели Јована.

Три типа матура ќе полагаат средношколците годинава
Бројот на ученици и понатаму се намалува