ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.11.2021
Дали младите во Штип конечно ќе добијат Кино сала и велосипедски патеки?

На средбата одржана на 4 ноември во просториите на ОМЦ „Киро Глигоров“ со претставниците на локалната власт и претставници од младинските здруженија како извидничкиот одред “Еквинокс” и организацијата “ЕХО”, Фондацијата за развој на локана заедница- Штип преку кампањата “Слушни ме” ги презентираа пред градоначалникот Иван Јорданов и советниците, желбите и потребите на младите.

Преку онлајн прашалник, фокус група организирана на тема за потребите на младите        и гласање за приоритети, младите во Штип имаа можност да ги искажат своите барања и потреби за она што би сакале да го има во градот. Во кампањата беа понудени неколку предлози: изградба на алтернативно кино, парк и игралишта во „Суитлак“, велосипедски патеки, пошумување на градски ридови, соларно улично осветлување, младински центар, поголема безбедност во училиштата и општинско младинско тело. Со статистика од 352 гласа, младите ги избраа своите три топ приоритети кои беа презентирани пред локалната власт. Имено, најмногу од нив- 22% беа за изградба на алтернативно кино, 19% за парк и игралиште во “Суитлак ” и 14% за велосипедска патека.

Општината ги препозна овие барања на младите и сметаат дека не се ништо ново за нив бидејќи за кино и велосипедски патеки, Штипјани дебатираат со години. Дел од барањата  веќе и беа застапени во предизборните програми. Според градоначалникот Јорданов, овие три иницијативи се во план за остварување. Од страна на ФРЛЗ, предлозите се формално доставени до Општината и се чека на план за обработка. Градоначалникот изјави дека ќе се потруди да ги реализира барањата на младите бидејќи се од големо значење не само за граѓаните, туку и за посетителите на градот и дека очекува Штип да биде град кој може да понуди разновидност на интереси.

Според информациите од  ФРЛЗ, за алтернативното кино се бара соодветен модел на управување и сопственост, се зборува за можностите за јавно-приватно партнерство или отстапување на приватен инвеститор да го опреми и управува, што според советничката Маријана Рогожарска Поповска е најповолната опција. Се прават напори и за обезбедување соодветен простор кој ќе е доволно репрезентативен и рентабилен истовремено.

Паркот со разновидни содржини е многу важен и се планира да се изгради, но е потребно да се утврди најповолната локација, дали е тоа предложената во зоната „Суитлак“ или на друга поповолна локација, тоа ќе се утврди со консултации со стручните служби при Општината. На средбата најмногу иницијатива и потреба за овој парк покажаа ИО “Еквинокс” каде беше предложена и кампинг зона и место за одвивање на активностите на извидниците.

За иницијативата за зголемување на велосипедските патеки веќе е во подготовка проектна документација за дополнителни засебни патеки покрај река Брегалница, како надополнување на постоечката рекреативна патека. Градоначалникот Јорданов очекува веќе во пролет да се реализира велосипедска патеката покрај кејот на река Брегалница, секако со навремено средување на документацијата.

Оваа средба имаше и цел за вклучувањето на младите и нивните идеи во политиката и учество во креирање и донесување политики на локално ниво. Ова истражување и иницијатива на ФРЛЗ и младите се чини како успешна, а за идни активности од ФРЛЗ планираат:

“Следниот период е потребно да се истражи претпремничкиот потенцијал на младите во регионот и да се подобри вработливоста на младите со некаков иновативен пристап.Создавање на модерен Младински центар е посакувана вин-вин ситуација и за младите од општината, за локалната самоуправа и за нас организациите кои тежнееме да го валоризираме потенцијалот на младите кон сестран општествен прогрес, и тоа прашање интензивно ќе го актуализираме во периодот кој следи.”

Судбината на штипската болница ќе се знае во октомври/ноември – министерството подготвува документација
Локалните радиостаници во Македонија пред голем предизвик