ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.08.2022
Дали правото за чист воздух е исто на Македонците и Германците?

Колумна


Дали ви се случило некогаш и некаде да се симнете од авион и вашите бели дробови да не знаат како да се однесуваат со воздухот што го вдишуваат? Да ви се сврти во глава од премногу чист воздух? Да вдишувате и издишувате длабоко?

Се радувате на чистиот проток и активноста на мозокот…

Река Хафел, Потсдам

– Се случува, да, само тоа не е во нашата сончева татковина, која со години назад има градови убедливо најзагадени во Европа па и во светот.  Сепак не преземала ништо за тоа.
Мене ми се случило прв пат кога бев во Холандија. Првиот впечаток ми беше ејј свежината и мирисот на воздухот, зеленилото и кравите кои пасат покрај автопатот. Вторпат во Германија – еј ете го мирисот на воздухот, свежината ко да си на планина, зеленилото и заштитените овци кои пасат среде големиот Сансуси парк…

Сансуси парк

И пак паралела…

Тргнав со друга мисла, ама пак ми доаѓа да правам паралела Западна и Источна Европа (горе и доле ко што милуваат некои да кажат). Животот, стандардот, културата, работните обврски и задачи, храната, сонцето, патиштата… ама воздухот?? Не е  основно средство за живот тој воздух нечист кој ние постојано го дишеме?  Кој треба да ни е стремеж да го прочистиме…?

Еве и една вистинска случка

Нејсе, сакам да ви раскажам една вистинска случка. На 24 километри југозападно од Берлин како главен град на покраината Брандербург на реката Хафел се простира градот Потсдам. Овој град за Германија го има статусот ко Виндзор за Британија. Бил резиденција на пруските кралеви и германските цареви до 1918 година. Покрај национална има и светска слава поради Потсдамската конференција главната повоена конференција по Втората светска војна помеѓу победничките држави, која била одржана во палатата Сесилиенхоф.

Палата Сесилиенхоф

Околу градот постојат низа на меѓусебно поврзани езера и уникатни културни знаменитости, како парковите и дворците на Сансуси, најголемото светско културно наследство во Германија.

Дел од кампусот на Потсдамскиот Универзитет во Сансуси парк

Во овој регион се протега воениот комплекс Крампниц. На површина од 1.215 km2 се протегаат бараки кои некогаш биле дом на 70 илјади руски војници кои ги напуштиле по паѓањето на Берлинскиот ѕид. Ова место со новиот план за развој е предвидено да прерасне во модерна населба. Да се срушат бараките и да се донесе трамвај до него. Да има училишта, трговски центри, градинки, шеталишта. Ама, не, бидејќи таму има флора и фауна која со години се развива и живее околу тие бараки, организациите за заштита на природата интензивно преговараат со Општината и го опструираат развојот на оваа населба. И не е дека никој не ги слуша, напротив се викаат на состаноци, се усогласуваат ставови. Децата во училиштата цртаат дрвја и пеперутки и ги доставуваат до општината и на крајот сите излегуваат победници – населбата ќе се гради, ќе се одвојат средства за да се заштити флората и фауната, а луѓето кои ќе живеат во населбата ќе треба да се откажат од своите автомобили бидејќи истата ќе биде car free.

И заклучок?

Да заклучиме – чистиот воздух на овие луѓе не им е на тацна даден, драги пријатели. Напротив борбата за него е секојдневна, ама свесноста е на едно многу високо ниво. Истиот го дишеме и јас и ти, и моето и твоето семејство и на сите подеднакво ни значи.

Парк „Нова градина“

Парк „Нова градина“

И додека кај нас главен хит е „на китарата Васко жабата“ луѓе, во Германија возовите никогаш не доцнат.. За возовите, во следното четиво. 😊

Најчитаните текстови на ГОЦЕ.МК за 2023 година
Во која држава од регионот се пие најмногу пиво?