
Нови студентски домови, модерни студиски програми, повеќе стипендии и „европски стандарди“ — државата најавува голем пакет реформи во високото образование. Прашањето што реално ги интересира младите е многу поедноставно:
Дали сето ова е доволно за некој да реши да остане во Македонија?

Фото: Infomedia Balkan
Затоа што проблемот одамна не е само во факултетите. Младите не заминуваат само поради старите амфитеатри или дотраените студентски домови. Заминуваат затоа што не веруваат дека тука ги чека стабилна иднина, фер шанса и систем што ќе го вреднува нивното знаење.
Токму затоа најавените реформи од Министерството за образование отвораат многу поголема дебата:
може ли една држава преку образование и политики навистина да го запре „одливот на мозоци“?
Од Македонија ги иселило безнадежноста и системските недостатоци – дали може нешто да ги врати?
Според најавите на министерката Весна Јаневска, фокусот ќе биде ставен на:
Идејата е студентите полесно да доаѓаат до работа и да чувствуваат дека образованието има реална вредност.
Паралелно, државата најавува реновирање на студентските домови според европски стандарди, откако со години студентското сместување беше симбол за запуштен систем.
Образованието игра огромна улога во процеост на иселување или донесување одлука за иселување на младите, но тоа не е единствениот проблем.
Истражување: Образованието во Македонија е дел од проблемот и дел од решението за иселувањето
Ако образованието беше единствениот проблем, тогаш само реновирање домови и нови студиски програми ќе беа доволни.
Но младите најчесто заминуваат поради комбинација од:
Затоа и многу експерти предупредуваат дека реформите во образованието можат да помогнат — но не можат сами да го решат проблемот.
Словенија веќе со години е една од главните дестинации за македонски студенти. Причината не е само квалитетот на универзитетите. Словенија очигледно нуди нешто што младите во регионот го бараат:
Еден од клучните модели таму е силната поврзаност меѓу универзитетите и компаниите, нешто што се споменува и во реформите од Министерството за обраозвание и наука во Македонија. Студентите во Словенија често уште за време на студиите работат практикантски или хонорарно, што значи дека по дипломирањето веќе имаат искуство и контакти.
Дополнително, словенечкиот модел долго време инвестираше во:
Тоа создава чувство дека млад човек може да планира иднина, а не само да преживува од месец во месец.
Дискриминацијата го избрка од Македонија – може ли новиот закон да ги врати иселените лекари?
Полска е можеби уште поинтересен пример. По влезот во Европската Унија во 2004 година, милиони Полјаци заминаа во западна Европа. Во еден период, државата се соочи со огромен одлив на млади и образовани луѓе.
Но во последната деценија дел од младите почнаа да се враќаат.
Зошто?
Не поради патриотски кампањи, туку поради конкретни и реални промени:
Полска покажа една важна работа: младите не ги задржува само емоцијата или патриотизмот — туку реалната перспектива.