ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.04.2024
Дали со вештачката интелигенција дел од работниците ќе бидат вишок?
Автор: Goce Author

Вештачката интелигенција ќе предизвика многу компании да вработат помалку персонал во следните пет години, велат од „Adecco“ во извештајот во кој се истакнува порастот на вештачката интелигенција на работното место. Околу 41 отсто од менаџерите очекуваат да имаат помала работна сила поради вештачката интелигенција.

Генеративната вештачка интелигенција, која може да создава текст, фотографии и видеа како одговор на барањата, ги поттикнува надежите дека повторувачките задачи може да се отстранат од човечките должности и стравувањата дека многу работни места брзо ќе станат непотребни.

Технолошките компании, вклучително и глобалните гиганти како „Google“ и „Microsoft“, започнаа бран на отпуштања во изминатите неколку месеци бидејќи го пренасочија својот фокус на системи како „ChatGPT“ на „OpenAI“ и четботот „Gemini“ на „Google“.

Истражувањето на „Adecco“ е едно од најголемите за вештачката интелигенција и го следи истражувањето на Светскиот економски форум во 2023-та година, кое покажа дека 25% од компаниите очекуваат вештачката интелигенција да доведе до губење на работни места, а 50% веруваат дека технологијата ќе создаде нови позиции.

Додека повеќето високи директори анкетирани од „Adecco“ велат дека вештачката интелигенција ќе ја промени играта, мнозинството веруваат дека не постигнале доволно напредок во користењето на технологијата.


Дали знаете каков бил животот пред интернетот и технологијата?


„Речиси сите работни места ќе бидат засегнати од вештачката интелигенција на еден или друг начин. AI може да биде убиец на работни места, но може да биде и креатор на работни места“, коментира извршниот директор на „Adecco“, Даниел Махуел.

Компаниите треба да се подготват за промените со обука на своите вработени да работат со вештачка интелигенција, наместо да се потпираат на привлекување специјалисти однадвор, додава Махуел. „Adecco“ ги истражуваше бизнисите во САД, Британија, Франција, Германија, Јапонија, Шпанија, Канада, Австралија и Сингапур. Секторите опфатени во студијата се одбрана, фармацевтски производи, здравство, индустриски и логистика.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Антониа Симјоновска

60% од светската популација користи некаков вид на вештачка интелигенција
Грант од 1000 евра ако отворите е-продавница