
Во продолжение ќе ви кажеме како да дознаете дали сте заглавиле со погрешна личност или сте го направиле вистинскиот избор.
Една од најтешките работи што некој треба да ја признае е дека избрал погрешен партнер. А потоа следува уште потешкиот чекор, да се стави крај.

Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash
Дури и двајца партнери само да се во врска, некогаш одбираат да бидат во токсична врска, наместо да се разделат. Тоа се случува затоа што најчесто ги пропуштаат црвените знаменца и продолжуваат да се движат по патот без да знаат каде ги носи и дали некаде треба да свртат. Едноставно, доволна е просечна љубов и просечно поминат ден.
Но, не треба да биде така. Вашиот љубовен живот треба да биде исполнет со авантура, страст, возбуда, хармонија и поврзаност.
Доколку се пронајдете во овие пет ситуации, тогаш треба да размислите дали ќе останете со вашиот партнер или ќе ставите крај.
Да бидеме искрени, засекогаш е многу долго време.
Доколку сте во долга љубовна врска и не знаете дали сакате да го поминете целиот живот со вашиот партнер, ама сепак сте навикнати да живеете така, тогаш треба да се запрашате дали сте во врската само заради тоа што не сакате да бидете сами. Понекогаш треба да ризикувате, бидејќи пред вас стојат многу нови победи, загуби, предизвици, болести, трошоци, должности, задолженија – достигнувања, цели, победи, прослави… Замислете дека сето ова треба да го доживеете со вашиот партнер. Како ќе се чувствувате доколку се разбудите покрај таа личност секое следно утро од вашиот живот? Како ќе се чувствувате кога ќе треба да ги воспитате вашите деца заедно, дали таа личност е профилот на родител за вашето дете?
Доколку одговорите на овие прашања ги имате со лоша гримаса на вашето лице, тогаш веројатно не ви е местото во оваа љубовна врска.
Не е реално да сакате сè за вашиот партнер, ама реално е да прифатите сè што тој сака. Тоа значи нивните навики, нијанси, чудни однесувања и се она што сите ние го поседуваме. Меѓутоа, ако настануваат често караници за тоа како вашиот партнер се однесува и ви сметаат неговите особини, кои на почетокот сте ги занемариле заради возбудата, излегувањата, романтичните моменти… , па се надевате дека партнерот ќе се смени и караниците ќе престанат, тогаш сте во голема заблуда. Сега е моментот да се запрашате колку долго може да останете во оваа врска кога знаете дека не е се во ред.
Еве на што мислиме: Секој од нас има во својот живот двајца пријатели кои се секогаш достапни за журка, пиење до рани зори, забави и со нив може да бидеме целосно отпуштени и свои. Но, тие се само пријатели и не можете да го поминете целиот ваш живот со нив. А партнерот е пријател и гостин за сè. Тука поставете си го прашањето дали сте со својот партнер целосно искрени и слободни или пак мора да ги прифатите неговите начини на однесување. Дали таа личност ќе прифати доколку на вас ви треба малку повеќе време да се отпуштите во непознато друштво или пак ќе ви требаат повеќе од две чаши црвено вино за да бидете повеќе отпуштени? Дали мора да се извините за нешто што не сакате? Доколку не сте отпуштени и природни, тогаш пред вас стои ЦРВЕНО ЗНАМЕ.
Секако дека хармонијата и согласувањата не треба да се постојано, ама во никој случај не смеете да бидете со партнер кој што не може да ве прифати онакви какви што навистина сте.
Кога бев мала, бев слеп оптимист за тоа дека сите врски се среќни и во нив нема караници. Кога пораснав, сфатив дека во некои врски има толку многу караници што може да донесат и насилство, па мојот оптимизам се сруши. И секако, решавањата на несогласувањата ја прави разликата.
Како и во игра со тимови, така и во една врска, играчите и партнерите не треба да играат еден против друг, туку еден покрај друг. Вие не треба да бидете против вашиот партнер или обратно, туку двајцата треба да бидете против проблемот. Доколку немате основа да го најдете решението на проблемот и заедно да одлучите што е правилно, туку војувате меѓу себе за тоа кој е во право, тогаш дефинитивно треба да го смените начинот на решавање на проблемите…или да го смените партнерот.

Photo by Esther Ann on Unsplash
Среќните врски се градат врз темелите на пријателството. Сè што сакате да направите со вашите пријатели, треба да сакате да ги направите истите работи и со вашиот партнер. Животот треба да биде полн со авантури и забавни работи, ама треба да има и здодевни моменти нели? Како здодевна вечера во вторник навечер, седење и јадење пуканки пред телевизор и ред секојдневни работи. Замислете дека сте во пензија и на лулката до вас седи човек кој што не го гледате ни како пријател, а е вашиот партнер. Дали сигурно сакате вака да остареете?
Избирате личност која би можела да биде покрај вас во наредните децении, ако тоа не е нешто за кое треба да се држат највисоките стандарди, тогаш не знам што е.